Тамара Тодевска избрана меѓу петте најлошо облечени на “Евровизија 2019”

Наградата “Барбара Декс” за најлошо облечен претставник на овогодинешната “Евровизија 2019” ја доби претставникот на Португалија, Конан Осирис. Според гласовите на публиката, кои се собираат една недела по завршувањето на натпреварот, на петтото место се најде и македонската претставничка. Тамара беше облечена во креација од Александар Ношпал. Минатата година, наградата ја доби токму Македонија и групата “Ај кју”.

Повеќе на Музика24...