Утре се одржува алтернативното евровизиско шоу: “Eurovision: Europe shine a light”!

По конечното откажување на 65-то издание на Изборот на песна за Евровизија, Европската радиодифузна унија и нејзините партнери од Холандија, НПО, НОС и АВРОТРОС се заложија за организирање и продуцирање ново алтернативно шоу со наслов: “Eurovision: Europe Shine a Light”, кое ќе се емитува во живо на 16-ти мај со почеток во 21 часот, што беше и претходно потврдениот термин за одржување на евровизиското финале.

Специјалното телевизиско шоу нема да има натпреварувачки карактер, но ќе им оддаде значајно признание на сите песни и учесници од 41-та земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната Евровизија. Веќе селектираните песни ќе бидат емитувани во фрагменти од 30 секунди, учесниците ќе бидат претставени низ кратки видео разгледници, а ќе ги слушнеме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.

Обедините од различни локации низ Европа годинашните изведувачи ќе прозвучат низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: “Love shine a light”, победничка песна на Евровизија во 1997-мата година.

“Сакаме да направиме шоу коешто нема да им оддаде признание само на уметниците од 41-та земја, коишто требаше да настапат во Ротердам, туку и телевизиска програма која ќе ги инспирира и поврзе луѓето низ Европа и во овие изолирани и тешки времиња. Ќе оддадеме почит на сите коишто се погодени од корона вирусот, но и на оние коишто работат деноноќно во борбата против него”, изјави извршниот продуцент на шоуто, Зитце Бекер. Евровизиските фанови ширум Европа се вклучија во формирањето на големиот евровизиски хор во изведба на песната на “What another year” со која евровизиската легенда Џони Логан победи на Евровизија 1980-та година, која тогаш се одржа во Хаг, Холандија.

Меѓу евровизиските ѕвезди вечерта ќе ги видиме и Монс Земерлоу кој ќе ја испее победничката песна од 2015-та година “Heroes”, потоа Марија Шерифовиќ со “Молитва”, победничка песна за Србија од 2007-та година, како и победничката од 2018-та година, Нета од Израел со специјална акустична верзија на нова песна со посебна порака зо овие необични времиња.

Победничката на Израел од 1979-та година Гали Атари ќе го ипсее нејзиниот голем хит “Hallelujah” заедно со хор формирам од поранешни учесници на Јуниорскиот Евросонг. Минатогодишниот победник Данкан Лоренс ќе ја претстави премиерно неговата нова песна “Someone else”.

Водители на шоуто ќе бидат презентерите Шантал Јансен, Едсилиа Ромблеј и Јан Смит, коишто требаше да бидат домаќини на Евровизија 2020. Настанот ќе се емитува од Медиапарк во Хилверсум, град во кој се одржала Евровизија во 1958-та година, кога за првпат земјата победник била и домаќин на настанот следната година.

Шоуто ќе трае 2 часа, а директниот пренос на Македонската Радио Телевизија ќе започне во 21 часот. Коментатор на настанот е Александра Јовановска.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com