Утре стартува 26-то издание од музичкиот фестивал “Охрид фест – Охридски трубадури”

Од утре 5-ти септември, стартува 26-то издание на еден од најпознатите летни музички фестивали во Македонија “Охрид фест – Охридски трубадури”. Како и секоја година, и оваа на “Охрид фест” во рамки на трите фестивалски вечери (фолк, поп и интернационална вечер), присутната публика, како и гледачите на националната телевизија – МРТ1 ќе имаат можност и привилегија да слушнат нови композиции, како и да се запознаат со нови музички лица кои за прв ќе стапнат на фестивалската сцена.

Како што веќе објавија организаторите, се знае редоследот за фолк и поп вечерта, а и она која музичка ѕвезда ќе се појави во ревијалниот дел на фестивалот. Во продолжение, ексклузивно прочитајтего редоследот на натпреварувачи во фолк и поп вечерта.

Фолк вечер – “Охрид фест 2019”:

  • Ѓоко Дичоски – “Бекрија”
  • Славчо и Брезите – “Лична мома”
  • Симеон Георгиевски-Бричот – “Прости ми среќо прости ми”
  • Мишко Србиноски – “Нема заборав”
  • Зоран Христов – “Само прошка не барај”
  • Петар Нечовски – “Во Трпејца под Галичица”
  • Молика Оне – “Во виното е вистината”
  • Милован Секулоски – “Дар од небото”
  • Ивајло Димитров – “Нема такви меани”
  • Нино Величковски – “Човек оркестар”
  • Методија Столески – “Моето семејство”
  • Мирко Вретовски – “Охрид свети од убавина”
  • Благица Павловска – “Во Охрида сме сега”
  • Барбара Јаковлеска и Ели Рамич – “На југ е мојата љубов”
  • Јовица Мицевски-Бамбус – “Вистина е душо моја”
  • Драган Драгаш – “Рано е”
  • Соната и Катерина Брезева – “Бовчалак”
  • Суада Каришиќ-Цаца – “Светот љубов ќе го спаси”

Поп вечер – “Охрид фест 2019”:

  • Дени Лагер – “Можам да ти дадам се”
  • Дуо Мaротов – “Љубов што ноќ ни краде”
  • Дамјан Димевски – “Нема никоја да те замени”
  • Деспина Спасовска – “Љубовен земјотрес”
  • Гоце Бошкоски-Чоки – “Залудно”
  • Уникат – “Живеам за тебе”
  • Рени – “Знаеш ли”
  • Симеон Коруновски – “Дел од мене”
  • Лени – “Каде да те најдам”
  • Денис Димоски – “Јас без тебе се будам”
  • Зоран Рудан-Цеки – “Пустина”
  • Јасмин Лопез – “Некој рече збогум”
  • Александар Митевски и Драган Спасов-Дац – “Цреши Охридски”
  • Пепа – “Грабни го денот”
  • Филип Јордановски – “Моја Засекогаш”
  • Огнен Здравковски – “Грев и Казна”
  • Биба – “Како некогаш”

Освен веќе познатите натпреварувачи во првите две вечери, фолк и поп вечерта, организаторите најавуваат познати музички имиња во интернационалната вечер меѓу кои ќе ги споменеме: Маја Оџаклиевска, Аида Дочи од Косово, Теди Грубица од Хрватска, Рената Мохорич од Словенија, групата Авенија од Бугарија, Толис Дамианос од Грција, Марко Кон од Србија, Славен Кнежовиќ од Црна Гора… и уште многу други земји на кои ќе се придружат победничките композиции од втората поп вечер.

На првата фолк вечер во ревијалниот дел ќе се појави познатиот македонски фолк пејач Благоја Груевски кој ќе ги отпее сите познати негови хитови, додека на втората вечер во ревијалниот дел ќе се појави познатиот музичар од Србија Срѓан Марјановиќ.

Музичкиот портал Музика24 како еден од медиумите кои што оваа година медиумски го поддржуваат “Охрид фест” ќе има своја екипа од местото на случувањата и директно ќе ве известува за се она што и како се случува пред, за време и по фестивалот.

За повеќе информации поврзани со “Охрид фест” следете го Музика24.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.