Фестивали

Утревечер започнува „Битола Отворен Град“

Утревечер со почеток во 20.30 часот во двор на МКЦ – Битола започнува програмата на овогодинешниот „Битола Отворен Град“. Фестивалот започнува музички, со настап на BAD JUJU B2B JOSS.

Првиот летен викенд оваа година е резервиран за овој познат битолски фестивал кој оваа година се одржува по 21-ви пат. „Битола Отворен Град“ е со поддршка од Општина Битола во рамките на „Бит Фест 2022“. Оваа година целиот фестивал е посветен на новата генерацијата, популарно наречена Gen Z  и новиот свеж бран кој таа со себеси го носи. Редица артисти од електронската музичка сцена, уметнички дијалози за музика и ликовна уметност, промоција на монографијата посветена на „Мизар“ ќе се одвиваат во дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола. Во рамки на програмата ќе се одржи берза на винили со гости од соседните земји а фестивалот завршува со голем концерт во градскиот парк.

Во продолжение целосната програма на „Битола Отворен Град 2022“:

  •  23.06.2022 четврток
    20.30 двор на МКЦ
    BAD JUJU B2B JOSS
  • 24.06.2022 петок
    20.30 двор на МКЦ
    BERRYQYAT B2B DEJAN DEX
    *Промоција на книгата „ВО ДИЈАЛОГ“ Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021)“.
    Промотори: Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Јанчевски
  • 25.06.2022 сабота
    11.30 Јагода
    Берза на винили
    20.30 двор на МКЦ
    Промоција на монографијатата: „МИЗАР Откровенија 1981-2021″ со Тошо Филиповски
    *Слушачка промоција на музиката на Мизар со Александар Гулевски
    26.06.2022 Недела
    21.00 Градски парк Битола
    ✓ ВЕЛ
    ✓ БAiLDSA
    ✓ Helem Neјse

Можеби ќе ве интересира: