Вечер за паметење со Влатко Стефановски и “Фрајле” (Фото)

Одлична забава и музика за сите вкусови понуди третата вечер на “Пивофест” – Прилеп. Вечерта ја отворија “The Hounds”, а по нив настапија популарните “Фрајле” и Влатко Стефановски. Вечерта ја затвори популарниот бенд “Нокаут”.

“Имавме одлична забава, поминаа три одлични вечери, последнава вечер кој е завршница ќе биде исто така успешна. Посебно ми е драго што синоќа поголемиот дел од изведувачите беа од македонската музичка сцена. Особено сум радосен што на сцената настапија татко и син, затоа што настапот ветува дека синот на Влатко Стефаноски, Јан ќе биде успешен како и неговиот татко. Денешнава вечер уверен сум дека ќе помине во добра атмосфера на задоволство на сите“, истакна градоначалникот Јованоски.

“Пивофест” завршува вечерва, а програмата ја отваараат “The Four”, потоа следат настапите на “Кал бенд”, Даниела Мартиновиќ а завршница се “Cyril­lic”.

Ова е прв настап на “Кал бенд” во Македонија. Бендот постои повеќе од 15 години и досега настапувал на повеќе од илјада концерти во странство, истакна фронтменот на бендот Драган Ристиќ и додаде:

Ние свириме ромска музика спакувана во еден современ музички пристап, односно современа критичка реакција на музиката околу нас, но длабоко вкоренета во ромскиот идентитет. Имаме два албума, во странство сме многу присутни за разлика од Македонија”, рече Драган Ристиќ, фронтмен на бендот “Кал”.

Повеќе на Музика24...