Вечерва 36-то издание на „Макфест“

36-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ започнува вечерва и ќе трае и утревечер. Како што дознава Музика24, првата вечер е посветна на изведувачи кои прв пат се појавуваат на макфестовската сцена, додека утре вечер ќе биде финалето.

Прва која што ќе настапи на сцената вечерва е Калина Велковска со композицијата „Четири“, а истата ќе ја затвори Рахаела Такашманова со композицијата “Ако не си ти до мене”. Како што велат организаторите, според годинешните правила петте најдобри композиции од првата вечер се пласираат директно во следната вечер, односно, утре 18-ти септември.

Во втората вечер освен петте композиции од првата вечер, на сцената на „Макфест“ публиката и тв гледачите ќе имаат можност да ги погледнат, Пепа Димитрова, Александра Јанева, Роберт Билбилов, Интервали, Лара, Мартинијан Кириловски, Ѓоко Таневски и уште многу други познати македонски изведувачи.

“За прв пат локациски, за прв пат ќе имаме нови водители кои за прв пат ќе го водат фестивалот, за прв пат имаме ваква форма… значи две вечери зошто првата е полуфинална и едноставно ја крстивме Прва вечер, и најдобрите пет од нив ќе ги видиме во финалната вечер. Барем овие четири години до самиот почеток на фестивалот не го кажуваме начинот на гласање нема потреба да се знае”, изјави неодамна на првата макфестовска прес конференција Владимир Дојчиновски – Дојчин.

Во делот за шоу програма додека присутните и тв гледачите гласаат (претпоставуваме), првата вечер ќе ги забавува „Тумбао салса бенд“, додека втората вечер, односно, на 18-ти септември по официјалниот макфестовски натпреварувачи дел, на сцената ќе се појават Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, заедно со „Brasstet Skopje”.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com