Вечерва на “Скопско лето” – Концерт на пијанистот Бобан Мирковски (Фото)

Вечерва во рамките на “Скопско лето” ќе се оддржи концертот на пијанистот Бобан Мирковски. Како и изминатите концерти, и овој, ќе се оддржи согласно објавените протоколи. Бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура, одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, дезинфекција, влезот на публиката ќе започне во 20 часот. Концертот ќе се оддржи на плоштадот “Мајка Тереза”, платото пред МОБ.

Вечерва пијанистот Мирковски пред публиката ќе се претстави со:

-Allegro assai Квин/Б. Мирковски – Валцерот на милионерот

А. Хачатурјан – Сонатина за пијано
– Allegro giocoso
– Andante con anima rubato
– Allegro mosso

А. Хачатурјан – Токата

Б. Гудман – Пеј, пеј, пеј

Согласно протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по цена од 100 денари.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.