Вечерва во Домот на АРМ стартува 26-то издание на “Филиграни”

Вечерва со почеток во 20 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се оддржи 26-то издание на музичкиот фестивал “Филиграни”. Влезот за овогодинешното издание е бесплатен, а како што велат самите организатори, тие ги покануваат сите оние кои сакаат и слушаат добра и квалитетна народна македонска музика да дојдат и да уживаат во новите композиции, во новите рефрени и идни хитови напишани во духот на чалгаџиско-свадбарската фолк-традиција.

Годинашното фестивалско издание ќе се одвива под мотото “Среќни сме што ги имаме Филиграните”, како признание и благодарност од авторите и пејачите-учесници во текот на 26-годишната историја на фестивалот, чии творци се музиколгот Костадин Костадиновски и новинарката Катерина Стојановска-Десковска.

“На овој фестивал во изминатиот период се отпеани голем број фолк-хитови, а некои од нив се обнардени, како: “Ти донесов млада невеста” што на фестивалската сцена ја донесе Војо Стојаноски, “Да беше стрела песнава” со Гоце Арнаудов, “Розо моја” со Ибуш Ибраимоски и стотина други кои се наоѓат на петте дискови насловени “Најголеми хитови на Филиграните”. Благица Павловска ќе го отвори фестивалот со најслушаната песна од минатогодишните “Филиграни”, а меѓу годинашните учесници е и Гордана Адамов, позната како Лепа Лана, која заедно со Блага Петреска ќе добие и награда за животно дело. На сцената ќе ги слушнеме: Хако Обиќ (БиХ), Ивајло Димитров (Бугарија), како и нашите пејачи Орце Стевковски, Серафина Фантаузо, Дамјан Стојаноски, Влатко Алексовски, Васко Форти и Анита Бошкова”, вели Стојановска Десковска.

Таа додаде дека во шоу-програмата ќе настапат Благица Павловска, Вики Среброва, Смиља Митревска, Кате и “Нели ти реков”, Јулија Мациевска и други изведувачи. Организациски директор на фестивалот е Зоран Десковски, Катерина Стојановска е претседател на жирито, а Јулија Мациевска, освен како пејачка, ќе ја видиме и во улогата на водителка.

Повеќе на Музика24...