Вечерва во Куманово фестивал на отворено “Shape up the town”

Пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев”, вечерва во 17 часот ќе се одржи фестивал на отворено “Shake up the town”, во организација на Здружението Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово.

“Фестивалот има за цел да ги охрабри сите млади луѓе без оглед на етничка припадност, вероисповед, пол или друго, преку уметност и култура да се вклучат во интеркултурен дијалог и кохезија, да се адресира говорот на омраза, да се промовира концепт без омраза и да се промовира младински активизам во Куманово”, соопштуваат организаторите.

На фестивалот ќе бидат презентирани уметнички творби создадени од ученици од средните училишта во Куманово, ќе има читање на поезија и акустичен перформанс на песни. Идејата за настанот произлезе од досегашното искуство на ЦИД во градење мостови за зближување на поделените заедници во Куманово, преку директно учество во заеднички младински активности и иницијативи без оглед на етничката или културната припадност.

Повеќе на Музика24...