Вечерва во Сули ан – “Љубовна ноќ” со Трио Џентлмен (Фото)

Вечерва во рамките на фестивалот “Скопско лето, со почеток во 20.30 часот во Факултетот за ликовни уметности-Сули ан, Трио Џентлмен ќе оддржат свој целовечерен концерт насловен “Љубовна ноќ”. Како што веќе знаете и веруваме сте информирани, Трио Џентлмен е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.

Поп-класичнито пеење е веќе познат жанр низ светот, а триото е создадено по урнек на светски познати поп-класични состави кои веќе подолг период го изведуваат овој жанр на музика. Трио Џентлмен е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика. На нивниот репертоар се наоѓаат најголеми светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп композиции… и сето тоа изведено во поп-класичен манир.

За ова кратко време колку што постојат (околу 6 години) имаат настапувано со целовечерни концерти, свечени академии и друг тип на настани во повеќе градови во нашата држава, но и надвор од нашите граници. Кон крајот на тековната 2020 година, Трио Џентлмен подготвуваат два големи настапи. Концерт во Њујорк, Америка и во Москва, Русија на Црвениот плоштад на покана на Руската Федерација. Следат и бројни редовни целовечерни концерти и разновидни настани на радост на уживателите на нивното дело низ целата држава.

Нивните настапи се познати и атрактивни по тоа што секогаш нудат нешто ново, нешто не видено и слушнато на нашите простори. Различни од другите музички состави ги прави тоа што на нивните настапи прават спој на оперското пеење со различни жанрови, и сето тоа изведено во еден нов и специфичен звук, интерпретиран од тројца оперски пеачи.

Ваќно за публиката и сите оние кои вечерва ќе бидат присутни: Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:

-носење заштитни маски

-мерење телесна температура

-одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето

-дезинфекција

-влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на “Југотон” во Градскиот трговски центар.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.