Вечерва започнува 33-то издание на “Макфест”

Ѓоко Танески, Антонија Гиговска, Дани, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски и Наташа Малинкова се дел од изведувачите кои ќе се натпреваруваат на годинашното 33-то издание на “Макфест” кој стартува од вечерва и ќе трае во наредните два дена во Штип. Новиот уметнички директор на фестивалот Владимир Дојчиновски најави дека годинава ќе се пее само на македонски јазик и нема да има гости од странство како изминатите две изданија. Промени има и во гласањето. Овој пат за победникот ќе одлучуваат две жири-комисии, медиумско и стручно, во комбинација со гласовите на публиката во Домот на културата.

Годинашниот награден фонд е 14.000 илјади евра. Авторите и изведувачите на победничкиот рефрен ќе си поделат 5.000 илјади евра, второпласираниот тим ќе добие 4.000 илјади евра, а третопласираниот 3.000 илјади евра. По 500 евра се предвидени и за најдобриот дебитант, текстописец, аранжер и за интерпретаторот со највпечатлив сценски настап.

На една од прес-конференциите Џина Папас-Џокси ќе промовира видеоспот, а на финалната вечер свое шоу ќе има Дарио. Домаќин на фестивалот ќе биде Марјана Станојковска, а сите три вечери ќе ги пренесува МТВ.

Повеќе на Музика24...