Фестивали

Вечерва и утре 3-то издание на Скопски градски фестивал

Скопје го добива третото издание на Скопскиот Градски Фестивал кој ќе се одржи викендов. Во петок и сабота (6 и 7 мај) публиката ќе има можност да проследи исклучително интересни настапи на врвни музичари од различни музички правци и жанрови. Во петок на 6 мај Фестивалот ќе се одржува во МКЦ а во сабота, на 7 мај СГФ ќе се одржи во Филхармонија. Концертите ќе започнат во 20 часот. Исто како и минатите две години, и ова трето издание на Скопски Градски Фестивал донесува возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите балкански и европски музичари.

На 6 мај во МКЦ ќе настапат: Мухамед Ибрахими, „Code 369“, „Texas Flood“. Влезот за публиката во МКЦ е слободен.

На 7 мај во Големата сала на Филхармонија ќе настапат: Матија Дедиќ и Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic Quartet.

Концертите во Филхармонија на 7 мај ќе започнат во 20 часот, а билетите по цена од 500, денари можат да се набават преку www.bileti.mk Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира: