Евровизија 2020: Victoria ќе ја претставува Бугарија во Ротердам

Една од младите надежни имиња на бугарската музичка сцена, Victoria ќе ја претставува земјата на следното издание на изборот за песна на Евровизија 2020 кој што ќе се одржи на 12-ти, 14-ти и 16-ти Мај во Ротердам, Холандија. Претставувањето на изведувачот беше организирано од страна на Бугарскиот радиодифузер, БНТ на прес конференција во соработка со продукциската куќа на преставничката, Ligna Studios.

Препознатливиот глас и стил на овогодинешната преставничка, Victoria ја класифицираат како една од најнадежните нови имиња на бугарската музичка сцена. Изборот на песната со која што Бугарија ќе се претстави во Ротердам ќе биде интерен, а песната ќе може да ја очекуваме на почетокот на март следната година.

“Во почетокот на 2019 година не можев ни да помислам дека ќе ја имам толкав број на прилики” вели Victoria, на кое што додава:

“Горда сум што ќе ја претставувам Бугарија во Ротердам, и секако што ќе ја имам можноста да се преставам во вистинско светло и со песна во која што навистина верувам”.

Музичкиот каталог на Victoria го вклучува нејзиниот прв сингл на англиски јазик насловен како “I wanna know”. Геновева Христова, музички продуцент и дел од менаџментот на Victoria е убедена дека нејзиното учество на Еворвизија во 2020 ќе го отвори патот овој млад изведувач за постигнување на интернационален успех.

Бугарија го потврди своето враќање на големата евровизиска сцена во октомври, по една година отсуство од натпреварувањето. Последните неколку учества во натпреварувањето ја прават Бугарија сериозен конкурент за победа. Остварувајќи големи успеси и постигнувајќи го 4-то место во 2016, 2-то во 2017 и 14-то во 2018. Иако Бугарија не учествуваше на овогодинешното евровизиско издание во Тел Авив, Израел 700.000 гледачи (околу 10% од популацијата) будно го следеа преносот на големото финале во живо.

Victoria се здоби со популарност преку нејзиното учество во четвртото издание на бугарскиот “X Factor”. Нејзиниот прв сингл “I wanna know” има стотици илјади прегледи на YouTube и Spotify. Промоцијата на видео записот за “I wanna know” се одржи во Софија и Мадрид. Нејзиниот прв соло албум се очекува да биде издаден во 2020 година, после нејзиното учество на Евровизија.

Повеќе на Музика24...