Фестивали

Во Битола се одржа фестивал на византиско пеење и музика (Галерија)

Вчера вечер во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар, се одржа 3-то издание на Фестивалот на византиско црковно пеење. На концертот настапија повеќе црковни хорови, меѓу кои: византискиот хор „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, византиски хор „Архимандрит Калистрат Зографски“ од Струга, византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола и женскиот црковен хор „Св. Макрина“ од  Битола.

За прв пат на овој фестивал, имаше настап на инструментална византиска музика. Во рамките на фестивалот се одржа и промоција на музичкото ЦД на женскиот хор „Света Макрина“, при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола. Византиското пеење датира од почетокот на христијанството и се уште се изведува во православните цркви, на крајот од 2019 година, УНЕСКО го стави на својата листа на нематеријално културно наследство.

Можеби ќе ве интересира: