Фестивали

Во Крушево ќе се одржи фестивал на македонска евергрин музика „Сонце за три светови“ (Видео)

„Сонце за три светови“ – минатото, сегашноста и иднината-голем концерт на евергрин македонска музика на платото пред споменикот „Македониум“ во Крушево е проект кој ќе создаде трајни вредности – записи по повод одбележувањето на „30 години независност на Република Македонија”.

Целта е со овој ексклузивен настан на вонвременски песни (евергрини) кои ја заслужиле својата вечност во етерот, да се одбележи универзалната глобална димензија на македонската државност, нејзиниот јубилеј 30 години независност и моментумот на нејзиното битисување одразен низ призмата на минатотото (просторот и песните), сегашноста (настанот и одбележувањето) и иднината (младите изведувачи и видео записите како трајна вредност).

Оттука одбележувањето на независноста во кои ќе се разлеат звуците и боите на државноста, ќе биде сниман, стримуван на интернет медиумите, емитуван на ТВ станици и на платформата МАX TV како целовечерен концерт со што трајните вредности ќе допрат до огромна публика. Локацијата е единствена и уникатна, симбол на македонската државност. Концертот ќе се одржи со камерен оркестар во живо на фестивалска сцена на отворено, на платото пред споменикот „Македониум“ според Ковид-19 протоколите и правилата.

https://www.youtube.com/watch?v=tQ9nX3CP6Gc&ab_channel=DELRIOMacedonia

Самиот концерт ќе има три тематски дела кои ќе ја претставуваат успешната приказна на Република Македонија:

  • Прв дел – Сонце за првиот свет – традиција, историја и вековност;
  • Втор дел – Сонце за вториот свет – сегашност, живот, демократија; и
  • Трет дел – Сонце за третиот свет – иднина, надеж, вистински пат.

Концертот ќе трае повеќе од три часа и на него ќе настапат 21 исполнители, со 21 еден познат македонски евергрин во нов аранжман и со нова студиска снимка. Помеѓу песните ќе има поетски читања на тв водителот Огнен Јанески кој заедно со исполнителите ќе даде белег на овој настан. Ќе настапат: Трио „Џентлемен“, Наде Талевска, Елена Петреска, Сара Гигова, Мина Блажев, Денис Димоски, Драгана Јовановска, Васил Ангелов, Марија Спасовска, Огнен Здравковски, „Шербет трио“ и Александра Трајческа.

Можеби ќе ве интересира: