Фестивали

Во очекување на препораките, “Скопско лето” најавува супер лето исполнето со културни настани (Фото)

Согласно Протоколот за спроведување на мерки за заштита од Covid-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, донесен на 73-тата седница на Владата на Република Македонија, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, најавува дека веќе е подготвена програмата за 41-во издание на фестивалот “Скопско лето”. Во очекување на официјалното објавување на конкретните мерки, препораки, протоколи и одобренија кои би требало да бидат донесени во оваа смисла планираме Фестивалот официјално да започне во текот на следната седмица.

Сметаме дека е неопходно овие мерки и препораки да бидат што поскоро донесени затоа што сме убедени дека на тој начин не само што ќе се задржи традицијата на фестивалот кој зачекорува во својата петта деценија на континуирано одржување, истовремено заедно со уметниците учесници на “Скопско лето” ќе придонесеме во внесувањето позитивна енергија кај публиката и граѓаните воопшто.

Истовремено, “Скопско лето” на кое оваа година ќе учествуваат само домашни уметници, ќе биде можност тие да излезат од повеќемесечната изолација. Во наредните 30 денови следуваат концерти, изложби, театарски претстави, филмска програма, промоции на книги.
Притоа, строго ќе бидат почитувани мерките и протоколите издадени од здравствените и државните институции за заштита од коронавирусот: задолжително носење заштитни маски, ограничен број на публика соодветно на просторот, оджување на физичко растојание, дезинфекција, онлајн продажба на влезници.

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, како организатор на “Скопско лето” има изработено соодветни протоколи за секој простор одделно. Ја замолуваме публиката за разбирање и да се придржува кон овие мерки и протоколи.

Можеби ќе ве интересира: