Фестивали

Во петок 6-ти ноември Концерт на Гордана Јосифова Неделковска – обоа, со пријателите

После големото Гала свечено отворање на фестивалот “Есенски музички свечености” кое што ќе се одржи на 4-ти ноември, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со гордост ве поканува на концерт во рамки на фестивалот. Во петок 6-ти ноември во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на Гордана Јосифова Неделковска – обоа, со пријателите каде ќе настапат: Влатко Стефановски – гитара, Страшо Темков – флејта, Елена Атанасовска–Ивановска – пијано и Инес Неделковска – пијано.

Програма на концертот:
А. Пјацола – Oblivion
Г. Јосифова Неделковска – обоа, С. Темков – флејта, Е. Атанасовска Ивановска – пијано

С. Веруст – 4th Solo de Concert Op.77
Г. Јосифова Неделковска – обоа, Е. Атанасовска Ивановска – пијано
Е. Мориконе – Gabrilel’s oboe (Mission)

Е. Мориконе – La Callifa
Г. Јосифова Неделковска – обоа, Инес неделковска – пијано

Е. Мориконе – Cinema Paradiso
Г. Јосифова Неделковска – обоа, Влатко Стефановски – гитара, Елена Атанасовска Ивановска – обоа

Обработка на македонските народни песни:
-Си заљубив едно моме – арр. Сашо Ливрински
-Јовано Јованке – арр. Васко Атанасовски
Г. Јосифова Неделковска – обоа, Влатко Стефановски – гитара

В. Николовски – Toccata
Инес Неделковска – пијано (класа Проф. Нина Костова)

Gipsy song – арр. Васко Атанасовски

Касапско оро – арр. Васко Атанасовски
Г. Јосифова Неделковска – обоа, Влатко Стефановски – гитара

Не си го продавај Кољо чифликот – арр. Кире Костов Г. Јосифова Неделковска – обоа, Влатко Стефановски – гитара, С. Темков – флејта, Е. Атанасовска Ивановска – пијано

Согласно протоколот за организација на настани во време на COVID-19 задолжително е:
-носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
-задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
-задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Билети за продажба, наскоро.

Можеби ќе ве интересира: