Во рамки на “Гастромак 2019” – Fish Festival на Шеф Дон Давид

Како изминува времето, се повеќе и повеќе се наближува терминот кога треба да се оддржи еден од најпознатите и највлијателни гастрономски фестивали во Република Македонија, и на Балканот, познатиот “ГастроМак”. Овогодинешното издание е четврто по ред, и ако изминатата година истото се случуваше во Струмица, оваа година тоа се случува во еден од најубавите македонски градови, градот Охрид.

Ние како медиум на неколку наврати досега пишувавме за “ГастроМак”, но овој пат акцент ќе ставиме на веќе најавеното и веруваме долго очекувано случување во рамки на гастрономскиот фестивал и натпреварување, а тоа е Fish Festival на Шеф Дон Давид кој што ни доаѓа од Москва, Русија.

Како што не известуваат организаторите, на 12-ти октомври ден после големиот македонски празник, ќе се организира голем рибен фестивал на отворено т.н. популарен “фиш фестивал” на Chef Дон Давид. А тоа ќе се случува на следниот начин.

Уште од 11 часот, кајчињата со уловените риби ќе бидат укотвени пред хотелот “Нова Ривиера”, од каде судската гастрономска елита, во состав: Томас Гуглер, Доменико Маџи, Дон Давид, Анил Гровер, Ѓорѓе Костиќ, Мишел Луис Ленц, Алан Пајен, Изток Легат, Стево Карапанџа и Вуко Митровиќ, ќе одбираат што ќе “препелкаат” на скара.

Изненадувањата се подразбирааат, но како што велат организаторите тие ветуваат оргинална и незаборавна забава под ведро небо во најубавиот Охрид. А потоа, откако судиите ќе си ја завршат својата работа, најтазе подготвената риба од скара ќе “се пресели” на вашите чиниии, бидејќи дегустацијата е задолжителна. Не заборавјте, задолжителна!

Не го пропуштајте ТАМАРО и BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID на 12-ти октомври пред хотелот “Нова Ривиера”, во рамки на четвртото издание на “ГастроМак”.

Фото: Стојан Стојановски – 2С, Охрид

Повеќе на Музика24...