Интересно: За милион долари Мадона настапува на Евросонг во Тел Авив

Како што пишува Independent, една од најголемите поп ѕвезди Мадона ќе настапи на овогодинешниот Евросонг во Израел. Европската емитерска унија потврди за Харец дека пејачката ќе испее две песни на манифестацијата која ќе се одржи во мај оваа година во Тел Авив. Според моментално достапните информации, едната песна ќе биде нејзин познат хит, додека другата ќе биде нејзина нова песна.

Извештаите претходно покажувале дека Мадона и продуцентите на манифестацијата не биле во добри односи, бидејќи новата песна содржи политички пораки. Настапот на суперѕвездата наводно чинел милион долари, а бизнисмен од еврејско потекло, Силван Адамс ги платил трошоците за настапот на оваа американска пејачка.

Мадона претходно настапувала три пати во Израел, првиот пат во 1993, потоа во 2009 и 2012 година.

Повеќе на Музика24...