Фестивали

Жера и „Црвена јабука“ ќе се натпреваруваат на „CMC Фестивал“ со 3 песни (Фото+Видео)

Дуетите и соработките отсекогаш биле посебна приказна за фестивалот „CMC“, многу од нив станаа големи хитови, некои дури и меѓу најдобрите досега снимени. Оваа година „Црвена јабука“, доаѓа на „CMC фестивал“ во Водице со дури две песни, додека фронтменот Жера исто така ќе настапи во дует со Валентино.

Познатиот босанси бенд во Водице ќе се претстави со две соработки. Првата со „Мејаши“ за песната „Сањам те“ и дуетот со Босанац на одмору, „Лјето“. Покрај двата настапи на групата, фронтменот Дражен Жериќ ќе настапи и во дует со Валентино, насловен „Таму на вјетру са Дунава“.

Во продолжение слушнете ги трите нумери кои се пропратени со спотови. А со кои познатиот бенд и Жера ќе насатапат на големата сцена во Водице.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: