Фестивали

Жирито, а не публиката и подари евровизиска победа на Швајцарија (Видео)

Швајцарија победи на Евровизија. Швајцарија ја претставува Немо со песната „The Code“.

Жирито, а не публиката и подари победа на Швајцарија на годинешната Евровизија која се одржа во Шведска, Малме. За помалку од 50 поени и побегна првата победата на Хрватска на Евровизија. Најмногу поени од жирито доби Швајцарија, а од публиката Израел и Хрватска.

А тој пак, победникот Немо, се декларира како родово неутрална личност, неговата песна зборува за еден вид лични борби и борби со околината и испраќа порака дека секој треба да го следи својот пат и да си го бара своето место. Швајцарскиот претставник донесе на големата сцена мешавина од различни музички жанрови, многу енергија и многу емоции.

Следната 2025-та година домаќин на Изборот за песна на Евровизија ќе биде Швајцарија.

Можеби ќе ве интересира: