Погледнете: Зошто оркестарот на “Фолк Фест Валандово” доби најголем аплауз од сите изведувачи (Видео)

Една од позитивните работи кои што се случија на овогодинешното 34-то издание на “Фолк Фест Валандово”, верувале или не, беше и совршено склопениот оркестар кој оваа година доби пофалби речиси од сите, небитно дали станува збор за новинари, публика, или пак дел од организацијата.

Додека сите ние, новинарите, а и публиката со нетрпение го очекувавме прогласувањето на победниците, во меѓувреме се случи нешто сосема непредвидено и интересно за нас присутните во Домот на културата “Јанко Узунов” во Валандово. Чекајќи и разговарајќи со колегите од другите редакции за впечатоците и настапот на изведувачите, сосема срамежливо оркестарот започна да ја свири одличната и незаборавна “Gipsy song” од Влатко Стефановски. Најпрво се прашувавме за што станува збор, но потоа публиката возврати со голем и силен аплауз со што комплетно целиот оркестар се вклучи во малата забава додека ги чекавме резултатите. И не само тоа, публиката уживаше, а оркестарот задоволно ја забавуваше публиката со уште една песна и уште една…

На крајот цела сала стана на нозе и со огомен аплауз го поздрави и награди оркестарот кој неочекувано и без никаква најава ја забавуваше публиката и сите присутни во салата, во исчекување на резултатите од гласањето.

За што поточно ви пишуваме, погледнете и накратко уживајте во моментот.

Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.