Фото статус

Елена Велевска: Да вистина е, се разведувам (Фото)

Откако македонските медиуми на големо започнаа да пишуваат за фолк пејачката Елена Велевска и за тоа дека таа се разведува, пред само некој ден познатата пејачка се огласи на својот Фејсбук профил и накратко им објасни на сите оние кои беа во недоумица за што поточно станува збор. "Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го "распослал" приватниот живот во јавноста, би…

Сузана Спасовска сака да се врати во детството (Фото)

Сузана Спасовска често на својот Фејсбук профил споделува моменти од нејзиниот приватен живот. Овој пат таа одлучи да сподели како го минува слободното време. Очигледно кај пејачката се разбудила носталгија по детските денови, па одлучила да се лула на лулашка. Овој момент Сузана го овековечи со фотографија која ја сподели на Фејсбук. Погледнете за што станува збор: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1648139835241315&set=a.912656302123009.1073741829.100001359428610&type=3&theater Подготви: Редакција…

Македонската дива Каролина кажа ДА!

Македонската дива Каролина Гочева го кажа судбоносното ДА. Таа ќе ја официјализира врската со уметникот Михаил Корубин, со кого е во врска веќе подолго време. Запросувањето се случило во романтичниот Париз, а веста ја сподели самата Каролина објавувајќи фотографија на Инстаграм. Подготви: Марија Поповска

Хрватската поп пејачка Нина Бадриќ помина работен викенд во Скопје

Популарната и надалеку позната хрватска поп пејачка Нина Бадриќ викенов работно го помина во нашето Скопје. И покрај работните обврски, Бадриќ најде време за прошетка низ нашиот главен град каде на неколку наврати направи фотографии кои ги објави на социјалните мрежи. Повеќе од очигледно е дека Нина е воодушевена од плоштадот "Македонија", бидејќи сите фотки се направени токму таму. Подготви: Марија Поповска

Beyonce постираше фотографија на Инстаграм, очекува близнаци (Фото)

Светската пејачка sвезда Beyonce објави фотографија на Instagram, со која најави дека таа и нејзиниот сопруг Jay Z очекуваат бебе, односно близнаци. Beyonce и Jay Z имаат едно девојче Blue Ivy. Под фотографијата на која го држи трудничкиот стомак со тул на главата и во долен веш, со цвеќе во заднина, музичката дива напиша: "Би сакала со вас да ја поделам мојата љубов и среќа. Благословени сме со близнаци". Подготви: Марија Поповска