Елена Велевска: Да вистина е, се разведувам (Фото)

Откако македонските медиуми на големо започнаа да пишуваат за фолк пејачката Елена Велевска и за тоа дека таа се разведува, пред само некој ден познатата пејачка се огласи на својот Фејсбук профил и накратко им објасни на сите оние кои беа во недоумица за што поточно станува збор.

“Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста, би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме – за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам… Животот за нас оди понатаму. Ви благодарам на разбирањето и поддршката”, напиша познатата македонска фолк пејачка на Фејсбук.

Инаку, Велевска со својот сопруг Марјан се во брак 11 години и заедно имаат три дечиња, ќерките Софија и Калија и синот Марко.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...