Магазин

На Емина Јаховиќ и недостасува семејството

На мега популарната Емина Јаховиќ очигледно и недостасува семејството. Таа на својот Инстраграм профил објави фотографија од детството, каде објаснува со кого е и каде е фотографирана истата.

“Стара слика. Ние во селото каде што пораснал мојот татко. Јас во средината, мојот брат Мирсад, сестра ми Сабина и фамилијата на Мирсад ( Есма, Азра, Маја)”, напиша на англиски Емина покрај фотографијата. Инаку, познатата менторка и пред се популарна пејачка дел од овогодинешното издание на “Пивофест” за прв пат ќе се претстави пред македонската публика со своите на далеку познати песни.

Подготви: Маргарита Робевска

Можеби ќе ве интересира: