Пејачката Сека Алексиќ Исус го спореди со Хитлер (Фото)

Сека Алексиќ се најде на мета на твитерџиите откако Исус го спореди со Хитлер. Популарната српска пејачка често е предмет на исмејување од останатите на социјалните мрежи на оние на кои им е чудно дека нивната омилена фолк пејачка која се прослави со провокативни песни и изглед, стана патријахална и се сврте кон религијата.

“Бројот на “следбеници” на социјалните мрежи не ве прави подобри од било кој. Хитлер имал милиони, а Исус само 12″, напишала Сека на Твитер каде има 205.000 следбеници, додека на Инстаграм пак 1,2 милиони. Веднаш после оваа објава почнаа осудите.

“Излитено е да се прави споредба со Хитлер и Исус”, “Ова не е црква”, “Сама го смисли ова или некој ти го напиша”… се само дел од коментарите. Пејачката голем број од луѓето кои ја критикуваа ги блокираше, па твитерџиите и на тоа се пожалија.

Повеќе на Музика24...