Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Иле Петровски – За мене постои добра и лоша песна

Подолго време го нема на македонска музичка сцена, често знае да објави ковер кој како што самиот вели сам го снима. Иле Петровски, момчето кое што го паметиме по неговите песни “Каде си”, “Совршен број”, “Со неа ми е топ”, “Јас те имав прв”… за Специјализираниот македонски музички портал Музика24 открива каде беше изминатиот период и зошто повеќе не е дел од македонската музичка сцена.

Музика24: Веќе подолго време не си активен на македонската музичка сцена, веројатно твоите обожаватели се прашуваат каде си и што правиш во моментов, ексклузивно за Музика24 открија дилемата што што многумина ги тера на разно-разни шпекулации.

Иле Петровски: Да се занимаваш со музика во Македонија е претешко, посебно кога намаш никој позади себе како спонзор и слично. Тоа е една од причините што ме снима од јавноста, односно, да снимам нови песни и видео спотови. Повеќе се посветив на факултетот. Студирам на Универзитетот “Гоце Делчев” и сум трета година на отсекот Гастрономија – Исхрана и диететика.

Музика24: Велиш дека денес е тешко човек да се занимава со музика. Дали сметаш дека сите оние кои се моментално на македонската музичка сцена се поврзани со некого, со нешто и затоа толку добро и дого опстојуваат или нешто друго е во прашање?

Иле Петровски: Секако дека да, зад повеќето од нив стои добар спонзор или менаџерски тим  кој што се грижи за нив. Но бројот на тие музичари е мал според мене. Сепак малиот пазар си го прави своето.

Ile PetrevskiМузика24: Пред извесен период се случи Скопскиот фестивал, а веднаш потоа и големиот скандал околу гласањето на истиот. Кое е твоето мислење во врска со сето она што се случи со Скопски? Дали мислиш дека на таков начин имало, постоело и сеуште постојат одредени музички имиња во Македонија?

Иле Петровски: Тоа не е ништо ново според мене. Иако сум задоволен од изборот на песната која ќе не претставува на Евровизија 2015-та. Кој и да победеше од првите тројца, ќе беше добар избор.

Музика24: Последниов период се повеќе и повеќе се појавуваат нови и нови разно-разни музички тв шоу-а кои одбираат одреден музички талент. Какво е твоето мислење за сите нив? И зошто Иле не е дел од натпреварувањата и учеството во нив. Дали сметаш дека нема потреба или едноставно крена раце од таквите музички случувања?

Иле Петровски: Таквите музички телент шоу-а и слични емисии ги подржувам и се добри за промоција на еден пејач и сл. А јас лично не се пријавив до сега на ниедно од нив, затоа што мислам дека времето е пред мене.

Музика24: На самиот почеток од нашиот разговор спомена дека моментално паузираш од сопствената музичка кариера. Сите оние кои те следат на социјалните мрежи и музичкиот интернет канал You Tube ќе забележат дека често објавуваш ковери за познати македонски и балкански песни, а понекогаш и за некој голем светски хит. Кажи ни, доколку не е тајна, дали планираш во идниот период да снимиш попрофесионален ковер на некоја позната песна и која би била таа?

Иле Петровски: Тие ковери ги снимам во домашна адмосфера додека вежбам. Истите ги снимам со мобилен телефон, па нема ми простат оние кои можеби забележуваат за квалитетот на снимката. Но, наскоро во план сум да снимам професионален ковер, за еден познат светски хит, а истовремено и моја омилена песна. И ексклузивно за вашиот музички портал ќе откријам дека би сакал да снимам ковер како што доликува за песната “All of Me” од John Legend.

Ile PetrevskiМузика24: И за крај на ова наше кратко интервју, а можеби и повод за истото беше коверот за “Лихнида кајче веслаше” наша стара македонска народна песна која ја отпеа Ефто Пупиновски. Кажи ни, имаш ли во план да снимиш ковер, а зошто да не и би преработил некоја позната македонска народна песна со која повторно би се појавил пред македоската јавност?

Иле Петровски: Тоа е добра идеја, ја сакам народната македонска музика, според мене тоа е едно од најголемите богатства во Македонија. И секако дека сакам и ќе снимам. За мене постои добра и лоша песна, не сум определен на еден стил на музика.

Интервјуто го подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: