Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Маријана Пашоска – Никогаш не се откажувајте од соништата

Таа е млада, музикална, надежна и убава девојка. Ни доаѓа од Охрид и се вика Маријана Пашоска. Екипата на музичкиот портал Музика24 сосема спонтано, случајно ја запозна во студиото “Cactus” на познатиот музичар и продуцент Горан Милошески, каде таа ги снима своите ковери. Слушајќи ги нејзините ковери и песни кои се објавени на You Tube, добивме желба да поразговараме накратко со Маријана за нејзината желба за пеење, мотивација, инспирација, како и се она што досега таа го има постигнато на музички план, а и се она што и како планира заедно со својот тим.

Во продолжение, Ви предлагаме да го прочитате краткото, но сепак интересно интервју со нашата нова македонска музичка ѕвезда.

Музика24: Зад себе имаш неколку песни, а од скоро и ковери кои со твојот продуцент ги пуштате на You Tube. Кажи ни, од каде желбата, мотивацијата да пееш и да создаваш нешто ново во обласата на музиката?

Маријана: Пеам од седум годишна возраст, одсекогаш сум сакала да пеам. Почнав на детското фестивалче во Охрид “Распеано другарче”, пеев две песни и од тогаш натаму не се заминавав професионално. Никогаш не се ни занимавав професионално, секогаш почнував застанував, пак почнував пак застанував… затоа што, мислев дека нема некој посебен успех тука во нашата држава со музиката. Потоа пеев на охридскиот фестивал “Канео фест” во 2005-та година и таму ја отпеав песната “Сеќавање”. 2007-та настапував на “Охрид фест” со песната “Насмевни се”, чии автор сум јас, јас го напишав и текстот, додека аранжманот е на Јовица Карајлиев. Во 2010-та пак, по незнам каква случајност се одлучив да се пријавам на “Македонски идол” и успеав да стигнам до четвртиот круг каде што останаа 80 пријавени, после тоа испаднав. Во 2011-та се обидов да се пријавам на аудициите на М2 продукција, но од нивна страна не бев воопшто повикана. И од тогаш, па до сега немав буквално никаква музичка активност, иако во средно се занимавав со музика, хорско пеење, имавме многу натпревари надвор од Македонија и слично.

Marijana PasoskaМузика24: А зошто прекина, се откажа од музиката?

Маријана: Прекинав затоа што се разочарав премногу од “Македонски идол” и мислев дека не е вредно да продолжам понатаму да се занимавам со музика.

Музика24: Надвор од музичкиот свет, која е Маријана Пашоска, со што се занимава, кое е нејзиното хоби… кажи ни нешто повеќе за себе, како би можеле нашите читатели подобро да те запознаат.

Маријана: Завршив англиски јазик и книжевност на приватниот факултет ФОН во Струга. Во слободно време секако дека излегувам и се дружам, не сум некој голем фанатин на постојано излегување, но има денови кога сакам да излезам и да се релаксирам како и секој млад во нашава држава. Имам 22 години и од Охрид сум, инаку во слободно време помагам во Радио Лав, радио кое е во сопственост на мојот татко и постои веќе 16 години. Кога ќе се вратам наназад, можам слободно да кажам дека желбата за музиката ја имам и благодарение на музичкото радио, затоа што сум таму од седмата моја година па натаму. Заедно пораснавме. Инаку сакам да гледам добри филмови, психолошки трилери, акоција, а инаку да слушам добра музика се она што е добро и секако квалитетно. Долго време спортував, тренирав кошарка, фудбал, ракомет…

Marijana Pasoska Marijana PasoskaМузика24: После толку голема пауза, песни зад себе и на некој начин успешна кариера, се враќаш со ковери. Зошто го одбра токму тој начин на повторно појавување пред македонската публика?

Маријана: 2014-та во Охрид имав прилика да го запознаам Горан Милошески, кој е голем пријател на татко ми и при организација на еден фестивал имав прилика да го запознаам Горан. По завршувањето на тој фестивал, татко ми ми кажа за Горан кој е, како е, што е, мене искрено не ми се веруваше хехехе (се смее) и тоа него му го кажав. Чест и задоволство е да се биде негов пријател. По еден месец дојдовме тука во неговото студио “Cactus” и снимавме една песна која баш баш и не сакав да ја снимам. Снимав песна која што не беше мој жарн, но по запознавањето на Горан тој се спротистави на тоа. Ми понуди соработка каде што ми даде можност да го пеам тоа што го сакам и бев премногу возбудена. и покрај мојата скептичност дека нема да можам да успеам во сето тоа, знаејќи дека подолг временски период не сум го вежбала гласот, сепак со поддршка на Горан, секако колку ни дозволува далечнина секогаш кога можам доаѓам, вежбаме, пробуваме, одиме напред и за разлика од почетокот, сега имам голем успех. По извесен период снимавме неколку кавери, кои секако беа мои избор на песни.

Музика24: Кажи ми, како си задоволна од Вашата соработка досега?

Маријана: Јас сум презадоволна, мислам дека никогаш во животот не би заменила прво пријател, потоа музичар како што е Горан.

Marijana Pasoska_Goran Miloseski

Музика24: Откако конечно реши повторно да се активираш на македонската музичка сцена и најнапред се појавуваш со ковери, кои се следните планови, што планираш заедно со твојот продуцент и тим кој стои зад тебе?

Маријана: Идните планови со мојот продуцент и пријател Горан се секако да успеам да го работам тоа што го сакам, да продолжам да пеам, но жанрот кој што го сакам. Во идниов период планираме да снимаме авторска песна со која што можеби ќе се претставам на некој фестивал. Сепак, тоа зависи од договорот од нас двајцата, тој е долго време во оваа работа и многу повеќе знае од мене. Инаку, мојата замисла е првата песна да биде во рок стил, бидејќи сум рокерка (се смее). Омилени групи ми се Deep Purple, Whitesnake…

Маријана: Никогаш да не се откажуваат од своите соништа. Со упорноста се добиваат поголеми резултати од оние што човек може да се надева. И секако, слушајте македонска музика!

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: