Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Наталија Славева – Малите нешта ме прават среќна

Млада е, згодна, интелегентна… зад себе има неколку песни и настапи на реномирани македонски музички фестивали, меѓу кои ќе ги споменеме “Макфест”, “Скопски фестивал”… Наталија Славева за специјализираниот македонски музички портал Музика24 открива детали за себе, својот живот… а што вели таа, прочитајте во продолжение.

Музика24: Се ближат новогодишните и божиќни празници што сакаш да ти се исполни во новата 2015-та година?

Наталија Славева: Во Новата година си посакувам здравје и среќа. Тие се двете клучни фактори од кои зависат сите други нешта.

Музика24: Дали Македонија има мал напредок на музичко поле?

Наталија Славева: Напредок на музичко поле има, се разбира благодарение на субвенциите за поддршка на македонската музика. Но сепак, треба уште да се работи, да се прават многу музички парчиња за да се достигне добро музичко ниво.

Natalija SlavevaМузика24: Што те прави среќна?

Наталија Славева: Многу работи ме прават среќна. Малите нешта како подарено цвеќе, кафе направено со љубов, па дури и насмевките на луѓето можат веднаш да ме развеселат.

Музика24: Имаш ли омилен жанр на музика?

Наталија Славева: Омилен жанр на музика ми е поп-рок и рок. Сепак омилени ми се баладите во кои најмногу можам да се пронајдам. Џез слушам кога сакам да слушнам нешто поразлично и уживам слушајќи го.

Natalija SlavevaМузика24: Многумина од естрадата брзо се откажуваат од целта, што мислиш ти, според тебе која е причината?

Наталија Славева: Има многу талентирани луѓе, но се откажуваат од естрадата поради различни причини, кај секого се индивидуални, но сепак мислам дека најмногу влијаат и финансиите за да се одржува тек на кариерата.

Музика24: По што најмногу ќе ја паметиш изминатата година?

Наталија Славева: Изминатава година најмногу ке ја паметам по настапите кои ги имав во ноќните клубови и по излегувањето на моето видео за песната “Стопи ме”.

Natalija SlavevaМузика24: Реално многу продукции има во Македонија, но сепак за жал се помалку промовираат машки изведувачи. Дали сметаш дека тој проблем е колективен или индивидуален?

Наталија Славова: Милам дека тоа не е заедничко на сите македонски продукции. Секоја продукција си одлучува сама за себе и за кој пејач ке го промовира. Промовирањето на нас изведувачите е многу важно и за да успееме треба позади себе да имаме квалитетен тим. Сепак се се одлучува помеѓу договор со самата продукција и изведувачот.

Музика24: Имаш ли замисла како би се гледала после 10-20 години музичка кариера?

Наталија Славева: Се гледам со богата музичка кариера позади себе. Со барем 2-3 албуми, многу спотови, хитови и учества на нашиве фестивали како и досега.

Natalija SlavevaМузика24: Празничната еуфорија започна, како ти ке ги прославиш претстојните празници, работно со некој настап или пак во мирна и опуштена атмосфера?

Наталија Славева: Најважно од се во ваквите убави моменти да си со саканите и блиските луѓе. Оваа година ке ја имам таа чест да уживам во убава атмосфера баш со тие личности, а настапите ги оставаме за во новата година.

Музика24: И за крај што би посакала на читателите на Музика24?

Наталија Славева: Слушајте македонска музика, подарувајте насмевки, смејте се и пејте си. Секогаш бидете позитивни и уживајте во празниците 🙂

Natalija Slaveva

Интервјуто го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: