На 24 јули на плажата Galaxy Beach во Претор ќе се одржи првото издание на фестивалот White Sensation Beach Festival. Во продолжение следува интервјуто со еден од организаторите на овој настан.
Музика24: Од каде идејата за вакво нешто?
Жарко Нацевски: Идејата за настанот потекна од многубројните “Бели ноќи” кои се организираат низ поголемите градови во целиот свет, но она што е поразлично во овај настан е тоа што фестивалот ќе се одржи на плажа.
Музика24: Што ќе се случува во петок?
Жарко Нацевски: Во петок во Претор ќе се случи најголемата забава на плажа во последните десетина години.
Музика24: Локацијата е Претор, зошто токму таму?
Жарко Нацевски: Сметавме дека Претор е доста привлечен и атрактивен, но со текот на годините се повеќе е запоставен. Затоа се решивме, малку да допринесиме за развој на Преспа, па одлучивме таму да организираме Бела Ноќ.
Музика24: Од каде очекувате посетеност?
Жарко Нацевски: Продажба веќе имаме од Скопје, Велес, Прилеп, Тетово, а најмногу од Ресен и Битола.
Музика24: Кога ќе започне, до кога ќе трае?
Жарко Нацевски: Планирано е да започне на зајди сонце, а ќе трае до раните утрински часови.
Музика24: Самиот наслов го кажува и дрес кодот за таа вечер?
Жарко Нацевски: Да, значи темата на настанот е Бела ноќ, која се одржува низ цел свет, но ние ја организираме на плажа.
Музика24: Кој ќе настапува?
Жарко Нацевски: Ќе настапат ди-џеи од цела Македонија, а ќе има и жонглери со оган, што ќе биде вистински спектакл.
Музика24: Од каде може да се набават карти?
Жарко Нацевски: Карти се продаваат во сите продажни места на Купи Карти За Се.
Музика24: Кој го организира овој настан?
Жарко Нацевски: Секако, организатори сме јас Жарко Нацевски и Филип Бешлиќ.
Музика24: Дали е се подготвено?
Жарко Нацевски: Скоро се е подготвено. Ни останаа уште некои ситни детали. Се гледаме во петок во Претор.
За Музика24.мк од Битола: Јовица Пауновски