Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Кире Филипоски – Кико

Неодамна се појави на едно од најгледаните тв шоу-а “Пинкови Ѕвезди”, а доколку го погледнете неговиот You Tube канал ќе забележите дека зад себе има снимено голем број на ковери со кои може да се пофали. Освен тоа, Кире Филипоски кој уште попознат како Кико има свој бенд со кој настапува секаде каде што ќе го повикаат. Денес на музичкиот портал Музика24 ексклузивно накратко ќе Ви го доближиме овој наш натпреварувач во веќе споменатото музичко тв шоу – натпревар, каде што се одбира најдобриот. Што тој кажа за Музика24, прочитајте во шродолжение…

Музика24: Пошироката јавност те запозна неодамна, преку музичкото натпреварување кое се емитува и кај нас во Македонија, но од кога поточно Кире се занимава со музика?

Кире Филипоски – Кико: Поточно, со музика се занимавам од мојата 16-та година.

Музика24: Зад себе имаш сопствен бенд, кажи ни, колку години постои бендот?

Кире Филипоски – Кико: Па, мојот бенд “Kiko & Koki Band” постои речиси две години.

Kire FilipovskiМузика24: Колку што знаеме, во бендот сте само двајца, но, дали во идниот период планираш истиот да го прошириш со можеби некој нов член?

Кире Филипоски – Кико: Мислам дека сега за сега нема потреба од други членови, евентуално ако станува збор за некој поголем настан, на пример концерт.

Музика24: Во бендот, а и надвор од него свириш гитара. Дали е тоа исклучиво само твој инструмент или свириш и некои други?

Кире Филипоски – Кико: Да, свирам на гитара, но освен тоа исто така тропам и на тапани.

Музика24: Македонската јавност те запозна и препознатлив си по твоето учество во “Пинкови Ѕвезди”. Кажи ни, како помина таму, на сцената и дали од сето тоа научи нешто, доби некој совет кој ќе можеш да го практикуваш и во иднина во твојата музичка кариера?

Кире Филипоски – Кико: Бев на “Пинкови Ѕвезди” имав одлични коментари од стручното жири, но за жал имав 4 гласа од можни 5. Во баражот не одбрав соодветна песна и можеби е тоа причината што не отидов понатаму. Таму запознав многу добри пеачи и разменив различни искуства, стекнав многу пријатели, и многу од нив ми дадоа прекрасни коментари за моето пеење.

http://youtu.be/2i6JrjCd41c

Кире Филипоски – Кико: По мое мислење требаше да го имам и петтиот глас од Харис Џиновиќ, заради тоа што мислам дека ги отпеав двете песни коректно, интонативно точно во мој стил. Од страна на другите членови од жирито сум делумно задоволен, заради тоа што дадоа различни коментари за двете песни, сепак тоа е разлика на вкусови. Искрено најмногу ми значеше коментарот од Бора Џорџевиќ – Бора Чорба, цитирам Коментар: “Ово је по мени чиста петица!!!”.

Музика24: Веќе споменавме дека зад себе имаш голем број на снимени ковери, кој според тебе е најдобар, односно, кој ковер би го одвоил?

Кире Филипоски – Кико: Поради тоа што тоа е мојата омилена песна, а воедно и една од најтешките за пеење, би го издвоил коверот за песната “Child i time” од Deep Purple.

Kire FilipovskiМузика24: Освен што често настапуваш со твојот бенд и снимаш ковери, дали досега си напишал твоја песна која потоа си ја отпеал?

Кире Филипоски – Кико: Не, досега немам, но тоа не значи дека во иднина нема да добијам инспирација да напишам песна која потоа јас би ја отпеал.

Музика24: Речиси секој викенд имате свирка во некој од градовите од Македонија, дали целиот овој ангажман ти претставува оптеретување знаејќи дека исцрпно е патувањето секојдневно односно секој викенд од еден во друг град?

Кире Филипоски – Кико: Да, точно сте информирани, претежно секој викенд имаме свирка во различни градови во Македонија, но патувањето некогаш може да биде заморно, сепак тоа не ни претставува проблем да направиме добра журка, како и секогаш досега.

Музика24: И за крај на ова наш кратко, но сепак интересен разговор, што би им препорачал на читателите на единствениот специјализиран македонски музички портал во Македонија – Музика24?

Кире Филипоски – Кико: На Вашите читатели и мои фанови им препорачувам што повеќе да слушаат музика, и тоа не било која, туку исклучиво македонска музика. Да се сакаат меѓу себе и да уживаат во животот читајќи го најдобриот и единствен музички портал во Македонија – Музика24.

Интервјуто го подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: