Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Александра Михова – Секој заслужува место на музичката естрада

Во спонтаниот разговор кој го имавме со шармантната пејачка и вокал на дуото “No limit” Александра Михова се задржавме на тема кој се нејзините очекувања од македонската музика, но и она што таа планира да го прави во иднина со оглед на тоа што имаше плодна година, сепак не остава на работите да мируваат. Во продолжение за музикиот портал Музика24, прочитајте ги интересните одговори во кој некој и ќе научат повеќе за кој е клучот и успехот на сцената како артист.

Музика24: По што сакаш најмногу публиката да те памти по твојот секси сталјинг или вокал?

Александра Михова: Пејач сум и тоа ме прави среќна, и уживам кога и другите се среќни и расположени на моите настапи така да првенствено е убаво да те памтат по вокалот, по убавите настапи, среќните лица на луѓето. Нормално изгледот е многу важен за оваа работа и мора да се внимава. Секоја жена треба да внимава на себе и да се грижи без разлика на својата професија.

Музика24: Имаш ли необично место кое сакаш да го посетиш?

Александра Михова: Ако зборуваме за необично место, би сакала да отидам во селото на дедо ми и баба ми, распаднато е се таму, нема ништо, само рушевини од старите куќи, но поради приказните кои сум ги слушала од нив тоа е местото каде сакам да отидам.

M 1Музика24: Дали си спремна да идеш и до таа мерка да се сликаш во провокативно издание?

Александра Михова: Зависи што се вклучува тоа провокативно издание. Само да е во границите на вкусното.

Музика24: Дали сметаш дека сепак имаме недостатоци во музичката сцена?

Александра Михова: Не, напротив. Земјава наша држи илјадници талентирани луѓе кои си го заслужуваат своето место.

M2Музика24: Со кој се поистоветуваш од светската поп сцена, кој е твој пример за успех?

Александра Михова: Ја обожавам Лана Дел Реј, единствена е, уникатна, мрачна, но сепак многу светла и емотивна.

Музика24: Дали си имуна на некој необични објави од некој медиуми?

Александра Михова: Апсолутно

m3Музика24: Сите знаеме дека некои ѕвезди сакаат својот имиџ да го градат на трачеви, дали според тоа ти би сакала само да бидеш повеќе видена во весник на тој начин или би се градела како сериозна личност?

Александра Михова: Повеќе го сакам второто.

Музика24: Со кој би сакала од балканската сцена да снимиш дует?

Александра Михова: “Неверне бебе” ми се омилени.

M4Музика24: Дали сметаш дека музичките талент шоуа се голема предност од оној што сам ја гради својата кариера?

Александра Михова: Да, помагаат, во смисла дека ти даваат малку слава, една отскочна даска за да можеш потоа сам. Полесно е во секој случај.

Музика24: И што ново може да очекуваме од тебе?

Александра Михова: Следно е “Макфест” во јуни со песната “Ти си само сон” на Андријана Јаневска.

M5

Интервјуто го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: