Имам нешто да те прашам

Бојан В’чков: Посакувам во Новата година сите да сме здрави, среќни и исполнети (Фото+Видео)

Тој има само 19 години, а зад себе голем број на проекти, песни и видео спотови. Живее во Скопје и како што самиот вели, со музика се занимава уште од средно училиште. Досега има неколку настапи по кафулиња, а има настапено и на неколку музички фестивали ширум Македонија. Песните целосно ги подготвува сам.

Почитувани читатели на музичкиот портал Музика24, во денешното новогодишно интервју ви го претставуваме младиот, надежен, талентиран хип-хоп артист Бојан В’чков.

Музика24: Годинава која изминува ќе остане запаметена по карантините, полициските часови, забраните за масовни собири, ковид вакцинацијата, сертификатите… По што ти лично ќе ја паметиш 2021 година?

Бојан В’чков: Мене оваа година ми остави некој чуден впечаток, многу нови ситуации и предизвици, но најважно е од секоја ситуација да го извлечеме позитивното.

Музика24: Заради околностите оваа година не можеме да се пофалиме со богата музичка продукција, но секако дека постојат песни што ќе останат забележани. Кој е твојот избор од она што беше понудено годинава?

Бојан В’чков: Се сложувам дека оваа година беше слаба за разлика од предходно, но немам некој посебен избор од она што беше понудено, мислам на македонската сцена.

Музика24: Не очекува дочекот на Новата година. Лично како посакауваш да ја дочекаш новата 2022 година?

Бојан В’чков: Новата година ќе ја дочекам со своите блиски другари и другарки, важно е да има добра атмосфера, а за локација… сеедно ми е.

Музика24: А кој е досега најинтересниот новогодишен подарок што го имаш добиено или можеби подарено?

Бојан В’чков: Неможам да се сетам…

Музика24: Новогодишната магија што ја предизвикуваат лампионите, светилките во разни бои, новогодишните базари, музиката, честитките… делува на комплетното расположение. Дали лично ја чувствуваш таа празнична еуфорија и колку умее истата да те понесе?

Бојан В’чков: Јас искрено не ја чуствувам таа еуфорија оваа година од причина што градот не е украсен и неможе да ме понесе.

Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз неговите ирваси и даровите, ама и без желбите што сите си ги посакуваме. Кои се твоите желби за Новата 2022 година?

Бојан В’чков: Сите да сме здрави пред се, среќни, исполнети…

Музика24: Која е новогодишната порака која би ја упатил до твоите фанови и воедно читателите на музичкиот портал Музика24?

Бојан В’чков: Да работат на себе, на своите соништа да бидат позитивни и да не откажуваат.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: