Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Дуке Бојаџиев – Етноелементите вметнати на вистинско место оставаат убав звучен печат

Ма­ке­дон­ски­от ком­по­зи­тор и му­зи­чар Ду­ке Бо­ја­џи­ев со го­ди­ни жи­вее и ра­бо­ти во Аме­ри­ка, но ед­наш годишно до­а­ѓа во сво­ја­та род­на зем­ја за да се ви­ди со при­ја­те­ли­те и со род­ни­ни­те, но и да одр­жи кон­церт за да и ги прет­ста­ви на ов­деш­на­та пуб­ли­ка сво­и­те но­ви про­е­кти. На 13-ти февруари на­ста­пи во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет за­ед­но со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, а на 14-ти февруари имаше кон­церт во Цен­та­рот за кул­ту­ра во Би­то­ла.

Ду­ке во све­тот ве­ќе е поз­нат ка­ко од­ли­чен ком­по­зи­тор и му­зи­чар, кој со­ра­бо­ту­ва со го­ле­ми ѕвез­ди, а не­го­ва му­зи­ка е иско­ри­сте­на и за го­ле­ми рек­лам­ни кам­па­њи на свет­ски­те ку­ќи, ка­ко “Ло­ре­ал”, “Лан­ком”, “Пе­жо”, “Мер­це­дес” и мно­гу дру­ги. Има об­ја­ве­но се­дум сту­ди­ски ал­бу­ми, а не­го­ви пес­ни се на­о­ѓа­ат и на поз­на­ти­те ком­пи­ла­ции “Buddha Bar”, “Marrakech Express” и “Chill out in Paris”. По­крај ова, Бо­ја­џи­ев ра­бо­ти и филм­ска му­зи­ка, а не­го­ви­от пос­ле­ден про­ект е му­зич­ка­та под­ло­га за фил­мот “До бал­чак” на на­ши­от ре­жи­сер Сто­ле По­пов.

Пос­лед­но за­вр­ше­но му­зич­ко ос­тва­ру­ва­ње на Бо­ја­џи­ев е со­ра­бо­тка­та со аме­ри­кан­ски­от ре­жи­сер, оска­ро­ве­цот Џо­на­тан Де­ми, кој ги ре­жи­ра­ше: “Фи­ла­дел­фи­ја”, “Ман­џу­ри­ски­от кан­ди­дат”, “Ви­сти­на­та за Чар­ли”, “Ко­га јаг­ни­ња­та ќе стив­нат”, на не­го­ви­от пос­ле­ден филм “Страв од па­ѓа­ње”, ка­де што тој се по­ја­ву­ва ка­ко ком­по­зи­тор и му­зич­ки про­ду­цент.

Овој пат во Ма­ке­до­ни­ја Ду­ке на­ста­пу­ва со кон­цер­тот под нас­лов “Сон. Вер­ба. Љу­бов”, а ќе би­дат из­ве­де­ни и ком­по­зи­ции од “Love is the way”, кој ве­ли де­ка бил инс­пи­ри­ран од не­го­ва­та жи­вот­на при­каз­на, од Скоп­је до Њу­јорк, од ра­но­то дет­ство до се­гаш­ни­от мо­мент.

“Во не­го се втка­е­ни си­те фа­зи на мо­ја­та ево­лу­ци­ја, ка­ко чо­век и ка­ко умет­ник”, за­бе­ле­жу­ва Ду­ке. На­ста­пу­вал на мно­гу ре­но­ми­ра­ни свет­ски сце­ни, но на­ста­пот на до­ма­шен те­рен за не­го е најголема воз­бу­да.

Ве оче­ку­ва­ат два кон­цер­та во Ма­ке­до­ни­ја: во Скоп­је и во Би­то­ла. Со ко­го ќе на­ста­пи­те и кои и кол­ку ком­по­зи­ции ќе би­дат из­ве­де­ни?

Дуке Бојаџиев: Во Скоп­је на­ста­пив со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја и донесов три го­сти-со­ли­сти, мои редов­ни со­ра­бот­ни­ци. Ис­ма­ил Лу­ма­нов­ски – кла­ри­нет, Кр­сте Ро­џев­ски – во­кал и Ма­ти­јас Кунц­ли – перкусии. На­ра­тор на по­е­зи­ја беше акте­рот Ва­сил За­фир­чев. Во Би­то­ла на­ста­пу­ва­ме ка­ко квар­тет. Ќе би­дат из­ве­де­ни ком­по­зи­ции од мо­е­то филм­ско тво­реш­тво, од ал­бу­мот Love Is The Way, ка­ко и пре­ми­ер­ни де­ла од но­ви­от ал­бум “Сон. Вер­ба. Љу­бов”.

Да се жи­вее во САД и да се вмет­ну­ва ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка во ком­по­зи­ци­и­те е ри­зич­на ра­бо­та во град во кој тре­ба да се ус­пее по се­ко­ја це­на. Ка­ков е при­е­мот ток­му на овие етно­е­ле­мен­ти кај аме­ри­кан­ска­та пуб­ли­ка?

Дуке Бојаџиев: Ја вмет­ну­вам ка­де што има про­стор, не се­ка­де, во за­вис­ност од по­тре­би­те на про­е­ктот. Ко­га е вмет­на­та на ви­стин­ско ме­сто оста­ва еден убав автен­ти­чен зву­чен пе­чат. Мно­гу че­сто про­е­кти­те на кои работам ту­ка не­ма­ат про­стор за ет­но­е­ле­мен­ти.

На­ста­пи­вте во “Кар­не­ги хол” и во Ан­тич­ки­от те­а­тар во Охрид… ка­де на­ста­пу­ва­вте во ме­ѓу­вре­ме? Ка­ква е Ва­ша­та аген­да за го­ди­на­ва?

Дуке Бојаџиев: Во ме­ѓу­вре­ме имав на­ста­пи низ Њу­јорк, бев за­фа­тен со филм­ски про­е­кти, и дол­го го подготву­вав ор­ке­стар­ски­от ма­те­ри­јал за прет­стој­ни­от кон­церт со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Пла­ни­рам да про­дол­жам на­ста­пи во тој стил, со ка­мер­ни­от ор­ке­стар на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја пла­ни­ра­ме кон­церт во “Кар­не­ги хол” по­доц­на го­ди­на­ва.

На­ја­ви­вте нов ал­бум. До ка­де е под­го­то­вка­та на ма­те­ри­ја­лот?

Дуке Бојаџиев: Ма­те­ри­ја­лот ќе би­де го­тов ка­ко ал­бум во тек на го­ди­на­ва, во за­врш­на фа­за е. До­бар дел од ком­по­зи­ци­и­те ќе би­дат пре­ми­ер­но из­ве­де­ни на кон­цер­ти­те што сле­ду­ва­ат.

Интервјуто е превземено од: Република.мк

Можеби ќе ве интересира: