Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Елена Миленковска – Треба само да си уникатен

Провокативна, умешна и професионална се трите сегменти кој ја опишуваат поп пејачката Елена Миленковска, како артист која е претпознатлива на македонската музичка сцена со композции кој се нејзин личен печат во кариерата. За специјализираниот македонски музички портал Музика24 не ја криеше искреноста така што ќе дознаете нешто поврзано со нејзините моменти кој ја прават среќна и задоволна од она што самата го постигнала до сега.

Музика24: По што сакаш најмногу публиката да те памети, по твојот секси сталјинг или вокал?

Елена Миленковска: Нормално по мојот вокал.

Музика24: Имаш ли необично место кое сакаш да го посетиш?

Елена Миленковска: Има многу необични места кои сакам да ги посетам, но бидејќи сум многу голем љубител на животните, најпрво би сакала да посетам некој сафари парк ширум светот.

Elena MilenkovskaМузика24: Дали си спремна да идеш и до таа мерка да се сликаш во провокативно издание? 

Елена Миленковска: Зависи во какво провокативно издание, мене воопшто не ме засегаат провокациите, веќе неколку пати имам кажано дека потешкиот пат е секогаш посладок, а тоа е публиката да те засака и препознае онаков каков што си навистина, а провокациите се многу лесна работа, денес ретко кој незнае да провоцира.

Музика24: Дали сметаш дека сепак имаме недостатоци во музичката сцена? 

Елена Миленковска: Секако дека имаме недостатоци во музичката сцена, во моментов и многу малку музика има воопшто, се и сешто се случува во државава, па мислам дека народот едноставно нема време за музика, што е многу жално. Искрено, се надевам дека полека ќе се менуваат некој работи во државава и дека се ќе оди во нагорна линија. И луѓе слушајте македонска музика!

Elena MilenkovskaМузика24: Со кој се поистоветуваш од светската поп сцена, кој е твој пример за успех?

Елена Миленковска: Има доста личности од светската поп сцена на кои им се восхитувам, но не се барам себеси во никој, а мислам дека и тоа е вистинскиот начин до успехот, едноставно да се биде уникатен.

Музика24: Дали си имуна на некој необични објави од некој медиуми?

Елена Миленковска: Да

Elena MilenkovskaМузика24: Сите знаеме дека некој ѕвезди сакаат својот имиџ да го градат на трачеви, дали според тоа ти би сакала само да бидеш повеќе видена во весник на тој начин или би се градела како сериозна личност?

Елена Миленковска: Јас со музиката секојдневно созревам, со оглед на тоа што целиот живот ми е посветен токму на неа, се образувам музички и со сето тоа сакам да покажам сериозност во тоа што го работам. Трачеви секогаш имало и ќе има на некој начин и тоа е дел од професијата.

Музика24: Со кој би сакала од балканската сцена да снимиш дует?

Елена Миленковска: Не сум размислувала искрено на оваа тема, но се надевам дека со текот на времето ќе се случи и некој дует, кој секако ке биде добредојден.

Elena MilenkovskaМузика24: Дали сметаш дека музичките талент шоуа се голема предност од оној сам ја гради својата кариера?

Елена Миленковска: Не мислам така, се си има своја убавина, многу е полесно народот да дознае преку некое музичко шоу, да блескаш додека трае шоуто, да ти се смени животот преку ноќ, но никој не ти дава гаранција до кога ке трае тоа. Да не се лажеме кај нас нема музички шоуа со кој можеш да бидеш во голема предност, така да сепак мислам дека е подобро изведувачот сам да си ја гради кариерата полека, но сигурно.

Музика24: И што ново може да очекуваме од тебе? 

Елена Миленковска: Подготвувам нова песна, која се надевам дека до крајот на мај ќе биде веќе пуштена и така убаво ќе ми започне летово. Ќе се спрема и спот за таа песна, така да очекувајте за брзо време нешто ново, оваа година планирам и настапи по фестивали, но се во свое време, мислам дека е така најдобро.

Elena MilenkovskaИнтервјуто го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: