Имам нешто да те прашам

Иле Спасов: Полициските часови ги искористив за правење добра и квалитетна музика (Фото+Видео)

Денес кога сите нестрпливо чекаме да се склопат стрелките на часовникот, на неколку часа пред најголемата новогодишна еуфорија, на нашите новогодишни прашања одговара и еден од најплодните, најбараните и најдобрите музичари, продуцент и аранжер, Иле Спасев.

Што тој одговара за Музика24, прочитајте во продолжение…

Музика24: Оваа 2021 година се случија многубројни полициски часови, селективни моменти, вакцинација… По што иле Спасев ќе ја памети 2021 година и што е она што ти остави најголем впечаток во оваа година?

Иле Спасев: Изминатава година – ако можам да се фокусирам на музиката во мојот одговор – ќе ја паметам по одличната соработка која ја имав со Лара Иванова и Робин Зимбаков. Одлучивме наместо пасивност и песимизам во склоп на пандемијата, да се посветиме на правење музика. Сето тоа резултираше со неколку песни навистина напишани и отпеани песни со љубов.

Музика24: Оваа година не можеме да се пофалиме со богата музичка продукција, но секако дека постојат песни што ќе останат забележани. Кој е твојот избор од се она што беше понудено годинава?

Иле Спасев: Не би издвоил никого од почит кон колегите, но на сите тие кои работеа во овие тешки услови им честитам и посакувам уште повеќе инспирација во наредната година.

Музика24: Кој е досега најинтересниот и накреативниот новогодишен подарок што го имаш добиено или пак можеби подарено?

Иле Спасев: Новогодишните пакетчиња на моите деца со содржина која ним им е омилена.

Музика24: Новогодишната елка, песните, светулките насекаде низ градот… дали ја чувствуаш новогодишната еуфорија и колку таа може да те понесе?

Иле Спасев: Секако дека ја чувствувам. И често ми дава едно блажено чувство на заедништво, топлина и оптимизам.

Музика24: Кои се твоите желби за 2022 година?

Иле Спасев: Пред се посакувам да се надмине кризата што постои во цел свет, мир помеѓу луѓето и оптимизам.

Музика24: Која е новогодишната порака пред само неколку часа до Новата 2022 година со која што би ги поздравил твоите фанови и читетели на музичкиот портал Музика24?

Иле Спасев: Да се почитуваме, разбираме и сложно да живееме. Кога има мир, разбирање и оптимизам, животот е полесен.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....