Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Сузана Гавазова

За прв пат за нашиот портал разговаравме со фолк пеачката Сузана Гавазова, со која отворено разговаравме за кариерата, љубовта… Во продолжение прочитајте го разговорот.

Музика24: Дека Бугарските музичари крадат наша музика, одамна е јасно. Вашата песна “Пијана и заљубена” е преземена и отпеана од Преслава, за што пишувавме и на нашиот портал. Што всушност се случи?

Гавазова: Не е точно дека крадат, јас добро кажав дека тие 5 години наназад најмалку земале песна што е авторска да не си ја платат и така. Тие се голема продуцантска куќа, големи професионалци и не си дозволуваат да крадат… може на почетокот АМА и тогаш не сум сигурна дека краделе.

Музика24: Бевте дел од Box продукција и ексклузивец на БОМ ТВ, телевизиски канал кој ја промовираше домашната новокомпонирана фолк музика. Што се случи со БОМ? Која е причината поради која веќе не постои?

Гавазова: Јас сум сеуште дел од Box продукција и ексклузивец на истата… инаку БОМ телевизија постои, само насекаде не ја гледаат и кабловските ја немаат сите.

Музика24: Каков беше вашиот договор?

Гавазова: Нашиот договор е додека имаме идеи за музика, додека сме креативни и додека сме успешни во тоа што го работиме ќе трае договорот… нема подобар договор од тој.

Музика24: Box продукција за вас изработи одлични видео записи кои имаат голема гледаност, но реакциите за вашите последни три спота кој ги сработи фотографот Томе Табанов, кога е квалитетот во прашање не се баш најдобри. Зошто не продолживте да работите со Box продукција?

Гавазова: За последните песни на кои направив видео записи не се спотови, значи се видео записи и ги направив за време три саати овде во Струмица затоа што се брзав да ги стасам што побрзо за да ги ставам на моето ДВД за да можам да ги промовирам песните на турнејата во Австралија. Томе Табанов одлично ги сработи, мене многу ми се допаднаа и затоа така си останаа, некогаш едноставното е многу поубаво.Сузана Гавазова

Музика24: На последното издание на “Прилеп фолк фест” настапивте со дуетска песна со вашата внука Зорица. Што моментов се случува со нејзината кариера?

Гавазова: Со мојата внука испеавме многу убава песна на “Прилеп фолк фест”… песна што ќе остане, освоивме прво место од жири, со Зорица отидовме и за Австалија и таму публиката одлично ја прифати. Таа има се што и треба на една пеачка, ја има и таа мила ѕвезда за да ја привлекува публиката. Послушна е, амбициозна и се нај нај, не оти ми е внука да ја фалам, ама навистина е така. Но таа и нејзините родители решија прво да заврши школо, па потоа може ако сака и таа се разбира да почне професионално и сериозно да се занимава со оваа професија.

Музика24: Во какви односи сте со вашата колешка Даниела Темелковска? Еден таблоид на својата насловна напиша дека сете завојувале?

Гавазова: Со Даниела Темелковска сме во најдобри односи, таа е пред се многу добар човек, другар и се најдобро можам да кажам, многу ја сакам и да ти кажам од вас слушам дека јас и Даниела не сме во добри односи…

Музика24: А со Благица Павловска со која имавте недоразбирање околу песна?

Гавазова: Се сеќавам во еден таблоид измислија приказна дека јас и Благица сме се спречкале за некоја песна, ама еве сега ќе кажам дека тоа не е точно. Благица Павловска е толку добра што таа не знае да се скара и да биде лоша. Таа е една од малкуте луѓе добра што ги знам на овој свет… барем за мене е таква таа. На сите само добро им направи таа, испеа толку убави песни, многу ја почитувам и морам да кажам дека таа ми беше идол кога почнував, учев од неа како треба една пеачка да се однесува на една сцена, таа кога излегуваше на сцена се сеќавам беше како дива… ме потсетуваше на Тина Тарнер.

Сузана Гавазова

Музика24: По што се разликувате од вашите колешки?

Гавазова: Јас од моите колешки се разликувам по песните, по духот… секоја од секоја се разликуваме, неможе да сме исти се разбира.

Музика24: Млада сте, згодна, често пати ве спојуваат со различни момци. Во моментов каква ви е емоционалната состојба? Заљубена ли сте?

Гавазова: Сексот по 30-те може да ми биде феноменален, а и ми беше феноменален додека имав дечко, а сега кога немам неможам да кажам бидејќи го немам.

Музика24: Во една ваша песна имате отпеано: “Што е права свадба ќе ви покажам”. Кога ќе се случи тоа?

Гавазова: Таа ми е една од најслушаните песни, исто така и мене ми е драга. Свадбата кога ќе се случи, незнам… се надевам што побрзо, но кога ќе биде тогаш, кога ќе каже Господ.

Музика24: Што во скоро време подготвувате за вашите фанови?

Гавазова: За моите фанови оваа година повторно ќе работам на нови песни и нови спотови. Да не зборам многу на таа тема, сакам да ги изненадам моите фанови. И за крај порака за читателите на вашиот музички портал Музика24, да слушаат македонска музика и да се радуваат на секој нов ден и се разбира да читаат Музика24.

Интервјуто го подготви: Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: