Студена зимска приквечерина во ромската населба Шутка во Скопје. Движејќи се со автомобилот низ тесните калливи улички, стигнавме до џамијата. Таму не пречека Фет Џо и пријателски не поздрави. Не поведе меѓу куќите со разнобојни фасади и не внесе во една подрумска просторија. Нашите сетила за слух ги освои весела ромска мелодија. Звуците на труба, саксофон, тарабука, виолина, придружени од жестоки хип хоп рими ја исполнуваа просторијата. Членовите на веселата музичка дружина Шутка Рома Рап се подготвуваа за претстојните концерти во Скопје.
Мендо (саксофон и кларинет), Даде (бас гитара), Ице (виолина), Ајнур (труба), Меко (тапани), Туркан (тарабука) и раперите Фет Џо, Ал-Алион, Кеј Уан, Нусрет, Мали и Таки со задоволство ја раскажуваат својата музичка приказна. Зад себе имаат еден албум „I Sutka Tani Mo Than“ („Шутка, моето родно место“) и голем број концертни настапи низ цела Европа. Особено се горди што биле дел од големите фестивали „Зигет“ во Унгарија и „Роскилде“ во Данска. Скромно велат дека имаат желба со нивната оригинална музика да го освојат светот.
Во продолжение, видео интервјуто кое што го превземавме од нашите соработници, порталот Балкон 3.
Музика24