Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Лесен Удар – 7 години скршеното огледало се склопи

После големиот хит “Сафирски прстен” по кој е препознатлив бендот “Лесен Удар”, а како што велат членовите на групата дека по 7 години скршено огледало, конечно огледалото се спои. “Души” е приказна за душите изгубени во несреќите што се случија како последица во балканското поднебје. Воедно се зборува за обединување на народот без разлика на верска припадност. Пресреќни сме зошто по толку години Лесен Удар е повторно дел од македонската сцена. Го правиме само тоа што го знаеме најдобро, а тоа е сигурно Лесен Удар. Се надевам дека гледачите ќе уживаат и ќе научат дека кариери се прават, настани се создаваат, но љубовта, љубовта може да биде вечна. Промоцијата на видеото ќе биде во текот на наредната недела.

Екипата на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 накратко поразговара со еден од членовите на овој бенд и ексклузивно Ви го пренесуваме краткото интервју, кое по 7 години повторно за прв пат го даваат за македонски медиум.

Музика24: По одличниот голем хит “Сафирски прстен” која беше причината што Ве наведе да се дистанцирате и едноставно да се повлечете од она што го работевте, односно од медиумите, знаејќи дека тогаш штотуку започнуваше Вашата музичка кариера?

Игор Минарков (Лесен Удар): Нашите животи штотуку почнаа да заземаат некаков правец. Тоа беше периодот кога бевме 3-та година средно. Едноставно Бог така сакаше. 7 години скршеното огледало се склопи. Се склопи само.

Lesen UdarМузика24: Сигурно многумина од Вашата публика, фанови… ги интерсира каде бевте и што правевте во изминатиот 7 годишен период?

Игор Минарков (Лесен Удар): хахаха (се смее) Бевме далеку од нас. Вистински насекаде оддалечени од себе. Едностевно процесот низ годините направи да не сме активни медиумски, но јас и Мартинез секогаш речитиравме… секогаш. Тоа е љубов што не си оди. Љубов што опстанува.

Музика24: Дали тоа значи дека додека не бевте медиумски активни, односно, додека бевте далеку од сите нас, сепак работевте на нови песни, нешта кои кога би дошло времето би ги промовирале, како она што следува?

Игор Минарков (Лесен Удар): Апсолутно. Работевме на себе. На тоа да бидеме подобри луге. Да пренесеме позрела поука. Универзумот беше секогаш со нас. Тој говори, ние само пренесуваме.

Lesen UdarМузика24: Сега откако повторно се враќате на македонската музичка сцена, што планирате понатаму? И дали сега нешто може да Ве сопре како што тоа се случи пред 7 години?

Игор Минарков (Лесен Удар): Сега планираме народот да се сака меѓусебно. Младите да создаваат бракови и деца. Да се чуваат и љубовта да цути дур лисјата паѓаат. Да престанеме да бидеме богови на себе и да гледаме накај универзумот. Да веруваме во природата и вечноста.

Lesen UdarМузика24: По песната “Души”, која наскоро треба да ја промовирате пред македонската јавност, што друго можеме да очекуваме од Вас во идниот период?

Игор Минарков (Лесен Удар): Планираме многу нови песни, а секако и албум. Планираме албум. Другото нека остане изненадување.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: