Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Пабло Мартинез од “Ангели” – Би сакал да свирам за фановите во Македонија (Видео)

Дали се сеќавате на Симон од тинејџерската тв серија “Ангели” која се емитуваше на македонските тв канали? Ова момче кое всушност се вика Pablo Martinez и е едно од најпознатите во телевизискиот свет, ексклузивно за Специјализираниот македонски музички портал Музика24 даде интевју во кое што освен за неговата кариера, ќе можете да дознате и за неговиот приватен живот, љубовта… и многу повеќе.

Музика24: Тука во Македонија фановите те запознаа како Симон од “Ангели”, какво беше твоето искуство таму?

Pablo Martinez: Моето искуство во “Ангели” беше прекрасно, беше првиот контакт со уметноста и почетокот на еден живот многу поразличен. Чувам прекрасни спомени и трансформирачки искуства.

Музика24: После “Ангели”, дојде и “Супер невнимателен” (Super Torpe), претстави во театар, “Сојузници” (Aliados) и “Патот кон љубовта” (Camino al amor)… во кој момент сфати дека сакаш да биде актер?

Pablo Martinez: Не би можел да кажам дека би сакал да бидам само актер, мислам дека ако се дефинирам како актер го ограничувам моето јас во само едно нешто. Се во мојот живот беше неочекувано и секогаш одржував и одржувам многу поврзаност со мојот внатрешен свет. Мислам дека уметноста е тоа да можеш тој внатрешен свет да го извадиш надвор и да трансформираш некоја од тие работи што не држат заспани.

Музика24: Во кој дел од животот разбра дека музиката е тоа што сакаш да го правиш?

Pablo Martinez: Се сеќавам на еден посебен момент кога имав контакт со една гитара. Мојот живот до тој момент беше само спорт и училиште и кога ја зедов гитарата во моите раце кажав: “Еден ден ќе те доминирам” и денес тоа се претвори во нешто реално. Не дека го доминирав инструментот, сеуште сум многу далеку од тоа, ама дека го реализирам мојот личен проект преку тој инструмент. Денес сум сигурен дека медиумот преку кој што сакам да комуницирам е правење песни.

Pablo MartinezМузика24: Во кој момент беше дел од бендот “Viajando Ligero”, како се случи овој проект и кој го предложи името на бендот?

Pablo Martinez: Еден ден направив една песна и го повикав мојот пријател за да ја пееме заедно и ни се допадна тоа што се случи. Имавме исто така друг заеднички пријател што свиреше на тапани и одлучивме да го повикаме и него. Па така почнавме да правиме песни, се се случи многу брзо. Подоцна почуствував дека сакам да откривам нови патишта, па така тоа беше еден од мотивите поради кои престанавме да свириме со бендот. Мислам дека во некој момент повторно ќе правиме заеднички работи со нив, тие се големи личности со многу талент.
Името на бендот ми текна гледајќи го “Господар на Прстените”. Долго време баравме име и неможевме да избереме, па одеднаш кога го слушнав Арагорн како кажува: “Потребно е да се ослободиме од се што носиме повеќе одколку што треба, треба да се патува лесно”. И тука реков… тоа е тоа, тоа е името на бендот и помислив: “Viajando Ligero” (“Патувајќи лесно”).

Музика24: Знаеме дека ќе издаваш твое сопствено CD, можеш да ни раскажеш повеќе за тоа?

Pablo Martinez: Има многу време како пишувам песни. Баш пред некое време седнав на компјутер и слушав се она што имам креирано во овие години. Стотици и стотици песни, но имаше нешто во тој материјал што не ми звучеше сигурно, а освен тоа не се чувствував подготвен за да излезам да го свирам. Денес, после толку години учење ја имам силата и храброста за да го направам тоа и музички можам да дојдам до една естетика што ја чуствувам сопствена. Чуствувам дека можев да креирам еден мал универзум што го прикажува Пабло во овие години.

Pablo MartinezМузика24: Каква музика ќе претставиш?

Pablo Martinez: Многу ми е тешко да ја делам музиката по стилови, ги слушам песните и покрај тоа што познавам многу стилови на музика моите не ме потсетуваат на никој. Тие се песни што се одалечени малку од формата на една популарна песна. Мислам дека и јас сум во тој процес. Во процесот каде што се спуштам долу во светот и откривам кој сум јас. Музиката е убава и прекрасна за слушање. Таа е од длабока нежност. Се надевам дека и вие ќе почуствувате она што го почуствував јас кога се појавуваа песните една по една, магија.

Музика24: Од што се инспирираш за да ги пишуваш песните?

Pablo Martinez: Мислам дека во моите песни на почетокот ме инспирираше жената. Подоцна од жената како инспирација дадов нов чекор и Универзумот беше тој што ме инспираше и ме инспирира сега. Магијата на постоењето.

Музика24: Сите песни ги пишуваш сам или соработуваш со некој?

Pablo Martinez: Сите песни ги пишувам јас и исто така ја правам и музиката. До сега секогаш компонирав со придружба на мојата гитара, но во иднина знам дека тоа ќе се промени. Ефектите за инструментите ги направи друга личност со која соработувам со години.

Pablo Martinez: Името го имам, но сеуште не сакам да го откривам, планирам да излезам со музика и видеа во март. Сега завршувам со снимањето на првите песни, па според тие песни ќе видиме како ќе се одвива планот. Наскоро ќе поставам видео каде зборувам за тоа.

Музика24: Покрај CD, имаш некои други планови за иднина?

Pablo Martinez: Имам проекти поврзани со театарот, се формира една група Лабараторија Марс, со која планираме да правиме претстави во нашата држава и каде што ќе не повикаат низ целиот свет.

Музика24: Среќен си во овој период од твојот живот?

Pablo Martinez: Жив сум и секој ден се повеќе буден тоа ме прави среќен.

Pablo MartinezМузика24: Што е она што би сакал да им го кажеш на твоите фанови од Македонија?

Pablo Martinez: Не постојат зборови со кои би можел да опишам што чуствувам и колку сум благодарен за тоа што ми даваат толку љубов. Знам дека патот е долг и ќе имам можност за да им возвратам на љубовта преку мојата музика. Би сакал да свирам за фановите во Македонија.

Музика24: За крај на ова наше интервју ти праќаме големи поздрави од Македонија, како и од музичкиот портал Музика24. Знаеш ли дека тука во Македонија имаш премногу фанови?

Pablo Martinez: Тешко ми е да замислам дека го следат мојот пат и пронаоѓање од другата страна на планетата. Се недевам дека ќе се запознаеме. Искрено го посакувам тоа. И се надевам дека се личности кои “ме следат зошто се следат и самите себеси” како што би рекол Фридрих Ниче. Многу големи бакнежи! Ве сакам!

Интервјуто го подготови: Маринела Каранфилоска и Мартина Петровска

Можеби ќе ве интересира: