Имам нешто да те прашам

Пепита Бојкова: “До мојот последен ден” е мојата прва, но победничка песна (Фото)

Позади нас е 35-то издание на “Фолк Фест Валандово”, според многумина фестивал каде победуваат посилните, а не оние кои што треба, но да не навлегуваме во оние договарања, преговарања и кој колку гласови кога и како треба да ги добие… сепак да се задржиме да музиката и она што е реалноста и официјалното.

Победник на овогодинешното валандовско издание е младата и за нас новинарите непознатата Пепита Бојкова, девојка која според фотографиите кои ги има постирано на социјалните мрежи, препознатлива во Валандово и овој крај, па не е ни чудо што победува токму тука.

По прогласувањето на победниците, многумина и пријдоа да и честитаат меѓу кои и нашата екипа која прва и единствена зема кратка изјава од Пепита, а таа пак збунета, што е можеби и нормално после ваква голема победа, ни одговори кратко на неколку прашања.

Музика24: Кажи ни дали ја очекуваше оваа награда 1-во место и воопшто победник на 35-то издание на “Фолк Фест Валандово 2022”?

Пепита Бојкова (видно воодушевена и возбудена): Дефинитивно не очекував, дефинитивно не. Изненадена сум. Премногу сум изненадена.

Музика24: Доаѓаш од Валандово?

Пепита Бојкова: Да валандовчанка сум, но и покрај тоа што сум валандовчанка изненадена сум од наградата.

Музика24: Кој е авторскиот тим на победничката “До мојот последен ден”?

Пепита Бојкова: Песната е дело на Филип Пешевски (поп пејачот), аранжманот е на Никола Автовски, додека текстот е на Борче Нечовски. Таа е таа екипа.

Музика24: Дали е ова твојата прва песна или зад себе имаш веќе неколку други песни?

Пепита Бојкова: Да, ова е мојата прва, но победничка песна.

Музика24: Дали по сета оваа победа и еуфорија, планираш да снимиш видео спот за оваа песна, планираш да снимиш нови песни?

Пепита Бојкова: Се надевам дека ќе снимам видео спот, се надевам дека се ќе биде во ред.

Мораме да напоменеме дека додека накратко разговаравме со Пепита, таа за цело време добиваше честитки, блиските и честитаа, а таа видно и позитивно вознемирена и воодушевена од тоа што се случи ни одговараше на нашите прашања. Се надеваме дека почесто ќе ја гледаме на музичките фестивали, музичките емисии и дека често ќе промовира и нови песни и видео спотови, нешто што нашата екипа од се срце и го посакува.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: