Имам нешто да те прашам

Предконцертно интервју со Владо Георгиев: Долго време сакав да направам концерт во Скопје

На помалку од еден месец до големиот солистички концерт на балканскиот заводник Владо Георгиев, Музика24 ви пренесува ексклузивно интервју со пејачот кој на 14-ти февруари ќе ја наполни спортската арена “Борис Трајковски”. Денот на љубовта и виното, во спортскиот центар “Борис Трајковски”, со хитовите на Георгиев, ќе добие една сосема поинаква форма и значење. Имено концертот на Владо Георгиев ќе биде идентичен на оној за кој што зборуваше цела Србија, а се случи во Белградска арена.

Поминаа празниците, како ги поминавте?

Владо Георгиев: Искрено многу убаво. Можеби малку поскромно од другите години, затоа што морав да се чувам за настапите по овој студ. Ќе Ви признаам, во Новата година влегов многу задоволен и расположен.

Што си посакавте за оваа 2015-та година?

Владо Георгиев: Да останам нормален во овие ненормални времиња, светот толку брзо се менува и луѓето се менуваат преку ноќ и едноставно не се вистински. Така и се однесуваат. Би сакал да бидам задоволен во 2015-та година, ете тоа би го посакал за себе.

Сега почнуваат подготовките за скопскиот концерт. Конечно голем солистички концерт на македонска територија. Што помислувате овие денови во врска со концертот?

Владо Георгиев: Не рамислувам за ништо, освен дека очекувам таа вечер заедно со скопската публика да направиме една преубава и весела вечер. Јас долго време сакам да направам еден вистински концерт во Скопје и желбата ми се исполни.

Зошто го одбравте денот 14-ти фебруари?

Владо Георгиев: Затоа што организаторите и јас сфативме дека е тоа идеален датум од причина што јас го почитувам Св. Трифун како и Вие, а голем љубител сум и на виното. Кај нас грозјето најдобро успева и ќе биде добро ако некој и се вљуби на мојот концерт, бидејќи некои тогаш го слават и Денот на вљубените.

Vlado GeorgievКонцертот е ист како и големиот концерт во Комбанк арената. Дали подготвувате некое изненадување?

Владо Георгиев: Јас најчесто се изненадувам самиот себе на вакви концерти, се надевам дека нема да претерам со изненадувањата. Нека сѐ до тогаш остане тајна и како изненадување на сите нас.

Што посакавте од организаторот? Имате некои посебни барања? Ајвар, ракија, гравче-тавче или сето тоа доаѓа спонтано?

Владо Георгиев: Не побарав ништо посебо. Лично не барам многу, а и знам дека се ќе биде како треба, затоа што македонците се познати како прекрасни домаќини во што многу пати до сега сум се уверил.

Во Белград славевте роденден на првиот концерт, дали оваа година ќе ја славите љубовта во Македонија?

Владо Георгиев: Не знам, единствено ако вие кажувате дека е така, може да запознаам некое девојче македонче, па и оваа приказна да добие смисол.

Дали е готов репертоарот? Има ли во него некоја македонска песна?

Владо Георгиев: Јас не го откривам репертоарот, свирам како ми кажуваат чувствата.

Vlado GeorgievДали тебе ти значи нешто 14-ти фебруари како ден на вљубените, а не како ден на твојот концерт?

Владо Георгиев: Оваа година ми е дефинитивно ден на концертот, потоа денот на Св. Трифун, па на крај ден на вљубените.

Освен да дојдат на твојот концерт, што друго им порачувате на македонските читатели?

Владо Георгиев: Што и да кажам сега ќе биде некоректно, планирам да кажам многу повеќе на 14.02 во арената Борис Трајковски. Се гледаме таму!

Со оглед на тоа дека ова му е прв голем солистички концерт после цели 10 години во македонската метропола, Владо Георгиев сака да остане запаметен во македонската меморија. Иако важи за голем заводник, овој ден на љубовта ќе им го посвети на оние кои што сеуште веруваат во љубовта.

Превземено интервју

Можеби ќе ве интересира: