Имам нешто да те прашам

Сања Сани Гроздановска: Мојот најубав новогодишен подарок е од “Валијант” (Фото+Видео)

Таа потекнува од најдуховитиот град во Македонија, како што велат постарите, тоа е градот Куманово. Темпераментна е и си ја сака својата професија. Досега има снимено голем број на песни, дуети и видео спотови.

Почитувани, познатата македонска фолк пејачка Сања Сани Гроздановска во новогодишниот серијал на интервјуа на музичкиот портал Музика24.

Музика24: Годинава која изминува ќе остане запаметена по карантините, полициските часови, забраните за масовни собири,  ковид вакцинацијата, сертификатите… По што ти лично ќе ја паметиш оваа 2021 година?

Сања Сани Гроздановска: Годинава ќе ја паметам по тоа што за среќа немаше карантини, но затоа пак дојдоа вакцините, нели.

Музика24: Заради околностите оваа година не можеме да се пофалиме со богата музичка продукција, но секако дека постојат песни што ќе останат забележани. Кој е твојот избор од она што беше понудено годинава?

Сања Сани Гроздановска: Без разлика на околностите, музиката сепак не застана. Се вадеа нови песни и мислам дека и излегоа доста хитови. Тоа дека немаме продукција како што треба во Македонија е жива вистина, и искрено мислам дека треба некој убаво да размисли на тоа прашање.

Музика24: Не очекува дочекот на Новата година, кој се прославува на различен начин. Лично како посакауваш да ја дочекаш Новата 2022 година?

Сања Сани Гроздановска: Новата година јас ќе ја дочекам работно. А во Новата 2022, си посакувам мнооогу љубов, здравје и пари.

Музика24: А кој е досега најинтересниот новогодишен подарок што го имаш добиено или можеби подарено?

Сања Сани Гроздановска: Хммм… најинтересен подарок… хахаха (се смее). Од “Валијант” е, ама не можам да кажам…

Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз неговите ирваси и даровите, ама и без желбите што сите си ги посакуваме. Кои се твоите желби за Новата 2022 година?

Сања Сани Гроздановска: Имам многу желби за 2022 година, но најголемата ми е да заминам на некоја турнеја или Америка или Австралија, и јас малку да прошетам (се смее).

Музика24: Која е новогодишната порака која би ја упатила до твоите фанови, а воедно и читатели на музичкиот портал Музика24?

Сања Сани Гроздановска: Живејте го секој ден како да е последен!

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: