Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Христијан Пецев – Секогаш може подобро да се отпее, само треба труд и малку повеќе напор

Откако знае за себе си ја сака музиката и секако во секоја прилика го покажува тоа. Но, од пред осум месеци тој интензивно работи на себе, односно, на својот глас, начинот на пеење и изведбата на повеќето како светски, балкански, така и македонски познати хитови. Христијан Пецев е новото музичко лице кое пополека, но сигурно чекори кон она каде што се наоѓаат сите познати македонски музички имиња. Зад себе има мноштво од снимени ковери и самиот вели дека од самиот почеток на своето музичко едуцирање, до ден денес неговот0 пеење и интерпретирање се разликува премногу.

Наскоро заминува во Америка на неколку месечно доусовршување на гласовните способности, а веднаш по неговото враќање следува и изненадување за сите оние кои ќе го прочитаат ова интервју и секако се негови сегашни или идни фанови.

Екипата на Специјализираниот македонски музички портал Музика24, ексклузивно и први (како и секогаш) пред неговото заминување во Америка направи интервју со ова интерсно момче кое знае што сака да постигне и која е неговата основна цел. Во продолжение, прочитајте го интервјуто со младиот Христијан, момчето за кое што туку ќе се дознае.

Музика24: За самиот старт на ова наше кратко, за сите оние кои сеуште не те познаваат и не слушнале за тебе, кажи ни, кој е Христијан Пецев?

Христијан Пецев: Млад дечко на 23 години, амбициозен према музиката кој што сака да успее на тоа поле. Учам факултет за бизнис и економија, работам во мојот ресторан спроти воената болница – Ресторан “Христијан”…

Музика24: Зошто ја одбра токму музиката?

Христијан Пецев: Од мал сум сакал да пеам, само моите родители мислеле дека тоа е туку-така, нели сите деца како мали си пејат. Кога ме слушнаа за прв пат во ресторанот како пејам, мајками дури се расплаче. Во една прилика кога Горан Милошески имаше настап во ресторанот, татко ми го замоли да отпејам нешто. Горан свиреше, а јас отпејав “Либар” и од тој момент започна се. Добив понуда од Горан да започнеме со часови за соло пеење и се она што е потребно да се надогради мојот глас и начинот на пеење. На почетокот се прашував како може да постои таков добар човек како него, да сака да те неучи нешто за кое што имаш желба, а сепак не го знаеш. Во еден разговор му кажав дека сепак музиката си бара финансии, а јас не сум финансиски подготвен толку многу да вложам. Кога конечно се наканив да појдам во студиото кај Горан, тогаш го снимавме коверот за “Либар” и искрено целиот се тресев, прв пат влегував во студио. Снимавме од 16 часот па се до 22 часот. Ме зачуди, а искрено ме позитивно ме изненади однесувањето на Горан, бидејќи не ме познаваше, а со мене потроши речиси половина ден да ме научи како да пејам, како да обврнам внимание на некои ситници, детали… Благодарен сум му за се она што досега ме има научено и што допрва ќе го осознавам и учам.

Музика24: Откако се запозна со Горан Милошевски (инаку за сите оние кои не знаат, станува збор за познат продуцент, композитор, музичар, пејач…), колку време ги посетуваш часовите за соло пеење?

Христијан Пецев: Започнав во јули минатата година, па речиси до денес осум месеци.

Hristijan Pecev_Goran MiloseskiМузика24: После толку месеци посетна на часови, вежби, снимање ковери… кажи ни што мислиш за своето пеење, начинот на истото некогаш кога почнуваше и сега, си велиш ли понекогаш ова можев да го испеам подобро…?

Христијан Пецев: Секогаш може подобро, само треба труд да се вложи, малку повеќе напор и најмногу вистинска желба да го направш тоа што си го почнал. Инаку, јас откако почнав на часовите до денес сум многу напред, нормално благодарение на Гоки. На почетокот ме остави да бидам јас, да рикам ко магаре (се смее), а потоа почна да ме советува да менувам начин и стилови на пеење, во согласност со песната што ја пеев. Првите две песни ги отпејав онака како што знаев и мислев дека треба, не ми сугерираше, не ми велеше немој вака немој онака… И ден денес се смееме на некои почетни и први грешки кај се овие песни, за кој намерно не ми беше кажано, ама нели се е тоа да се види каде се грешките и секако да ги поправиме и следниот пат да бидеме се подобри и подобри. Кога ќе го прашав зошто не ми кажа да се поправам, тој ќе ми речеше ако земам да те направам да звучиш совршено не си ја научил лекцијата, едноставно, треба да се учи од сопствените грешки. Намерно ме оставаше да звучам онака како звучам, за да се поправам и да учам, бидејќи ако ме поправаше немаше да дојдам на она ниво на кое што сум денес. Јас сум премногу самокритичен, ако нешто не ми се допаѓа јас веднаш се обидувам истото да го сменам. Ако не ми се допаѓа како е испејано, дали е фалш и сам кажувам ова е фалш. Порано кога не знаев, се случувало на сред песна да си излезам од студио од што ми беше срам, како пејам лошо. Пејам песна што не можам да ја пејам и на пола песна “рикав” и сакав да избегам и веднаш се трудиш да смениш нешто. Се е до искуството.

Музика24: Дали до сега освен снимањето на ковери ти се случило да настапиш некаде пред одредена публика каде што ниту те знаат, ниту пак те познаваат?

Христијан Пецев: Да, токму таква мала авантура, ако може така да се нарече, ми се случи неодамна (се смее). Бев на настап кај еден мој многу добар другар (станува збор за Борис Цветановски кој патем го подготвува својот албум во студиото “Кактус”). Тој имаше настап во една позната скопска пивница. И нешто ме болеше грлото и на една од девојките со кој што пее тој и реков: “Кажи му на Борис, ќе останам до крај да го гледам настапот, нека не ме вика грлото не ми е во ред” и не помина кратко време тој ме повика на сцената. Јас во близина на сцената, трешти аплауз, а пивницата беше преполна… и излегов. Ја пеевме “Неко те има ночас”. Оваа песна дотогаш не сум ја пеел и текстот не го знаев како што треба (се смее)… јас се качувам на сцена го земам микрофон и сите во мене гледаат. Поминав интересно, лудо хахаха пеев бев укочен, онака помалку мрдав, прв пат пред толку голема публика и Борис ми помагаше околу текстот… поминав супер. До сега сум пеел само на некои караоке журки каде нели секој што сака да пее сам го зема микрофонот, но ова беше нешто поинаку. Како за прв пат супер поминав.

Музика24: Како за прв пат во живо пред многубројна публика, какви беа реакциите?

Христијан Пецев: И мојот другар Борис, а и неговите придружни вокали ми рекоа дека сум бил одличен без ниту еден фалш. А публиката ме испрати бурно со голем аплауз (се смее). Интересно беше, ново искуство пред се.

Hristijan PecevМузика24: После сето ова позитивно што ти се случува со музиката, голем број на ковери, настап, а наскоро очекуваме и песна од тебе, кажи ни, каде се гледаш не повеќе, но за година, можеби две?

Христијан Пецев: Па најверојатно се гледам во музиката, да речам како дел од македонската музичка естрада.

Музика24: А што би пеел, кој би бил твојот стил на музика?

Христијан Пецев: Поп музика и балади секако, во секој случај забавна музика.

Музика24: Пред да го започнеме официјалниот дел на ова интервју, ни спомена дека ќе заминеш во Америка на неколку месечно доусовршување како на гласот така и на она што тебе те интересира, затоа кога повторно ќе се видиме, а сега кажи ни, што по враќањето од Америка? Сигурно планираш да извадиш песна, спот…?

Христијан Пецев: Да, кога ќе се вратам тука дефинитивно со Горан ќе направиме убава не многу брза балада, и со негова координација сигурен сум дека ќе испадне нешто навистина многу добро, зошто он ја знае музиката и тоа во вистинска смисла на зборот, што се вели не е од вчера туку од многу одамана.

Музика24: Настрана музиката, освен што си студент и што работиш на остварување на својата цел, што друго прави Христијан во животот?

Христијан Пецев: Многу сакам девојки (се смее). Спортувам. Речиси седум години спортував ултимејт фајтинг, но поради повреда на колено престанав. Денес вежбам, но рекреативно, се одржувам во некоја форма.

Музика24: Кога сме веќе кај девојките, веројатно многу од нив веќе ги интересира дали си заљубен?

Христијан Пецев: Дали сум заљубен (се смее), моментално не.

Музика24: После се веќе споменато во врска со музиката, која е целата на сето она што го работиш моментално? Планираш настап на македонските фестивали, издавање на албум…?

Христијан Пецев: За речиси се што е поврзано со музиката, па дури и за тоа, се координирам со Горан. Како тој би одличил, што е најдобро, кое е најдобро време… така ќе направиме. Јас сум нов, не можам да кажам сега сега сега, да напнувам кога едноставно незнам. Верувам дека има нешто според кое се одредува кое е најдобро време да се објави одредена песна, пред, по фестивал, видео спот… искусните продуценти како што е Горан тоа многу подобро го знаат од мене, нели.

Hristijan PecevМузика24: И како за крај, како би ги поздравил сите оние читатели на Специјализираниот македонски музички портал Музика24?

Христијан Пецев: Слушајте македонска забавна музика, читајте го музичкиот портал Музика24 и сакајте се!

Интервјуто го подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: