Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Дарко Билбиловски – Секој нов ден за мене е предизвик

Популарниот фолк изведувач со златно грло кој ја негува фолклорната традиционална македонска музика ни откри неколку факти поврзани околу моменталната состојба на македонската музичка сцена, но со оглед на тоа што беше оптимистични настроен, сепак бела светлина за фолк музиката е на самото дно.

Музика24: Колку постои разлика кога вие започнувавте кариера, па до сега?

Дарко Билбиловски: Постои огромна разлика која јас почнував да пеам и сега… тогаш постоеше некој критериум, а сега не воопшто, секој сега е пејач (хахаха)

Музика24: Дали од фолк музиката сеуште може да живее од авторски композици?

Дарко БилбиловскиНи под точка разно, авторската музика неможе да ја одржува во живот и кондиција народната музика, се е видено и чуено новитет нема или е туѓина пустина или свадба или некоја лоша љубовна композиција со истиот па пак истиот аранжман, останавме да тонеме и тапкаме во место за жал.

Darko BilbilovskiМузика24: Што за вас значи да има еден изведувач сериозен тим позади себе?

Дарко Билбиловски: Па тоа би било во исто време многу нормално, но во Македонија тоа е невообичаено, бидејќи ние фолкерите сами си менаџираме со својата професија пеење.

Музика24: Дали сеуште сме на дното во музичката индустрија или има светло и за нас?

Дарко Билбиловски: Кажав и ќе потврдам… ќе искористам една не баш културна фраза, ама е вистинита и жаргонска и не е на наш јазик, а гласи вака ние сме моментално за жал потенцирам за жал ДНУ ДНА! Од ова полошо нема… немате простор, медиумски фестивалите однапред се знае кој ќе учествува кој ќе земе награда можеби некоја смешна песна како и обично со чест на некогаш маали исклучоци и се разбира од фестивалите нема никаква корист, тие траат во моментот и толку после тоа никому и ништо ко да не било.

Darko BilbilovskiМузика24: Која е ваша лична карта која ве опишува како изведувач?

Дарко Билбиловски: Мојата лична карта јас не сакам да ја коментирам можам да бидам погрешно сфатен… тоа го препуштам на ценетата публика.

Музика24: Има ли Македонија музичка продукција која може да пласира прав уметник и надвор од границите од неа?

Дарко Билбиловски: Македонија нема продукциска куќа до толку сериозна за да може да го изведе сето тоа… и се плашам дека нема да има таква продукциска куќа во наредниве децении, во суштина Македонија не ни имала таква продукциска куќа.

Darko BilbilovskiМузика24: Повеќето од естрадата во Македонија тврдат дека нивните композиции им се “крадени” од страна на српската фолк естрада, што сметате вие за тоа?

Дарко Билбиловски: Крадењето туѓи песни е нешто со кое сериозно треба да се поработи да се одмерат границите што е украдено, а што не! Мислам дека српската естрада особено нема потреба да краде од нас ние сме за нив неинтересни, можеби бугаската фолк естрада го прави тоа, еве скоро чув една позната македонска обнародена песна од покојниот и легендарен Војо Стојановски тоа е песната: “Македонија цела да е”… на бугарски е преработена се вика: “Блгарија цела да е” и некако вака звучи… ако некор рече Блгарија е мала има уште 8 дела за да бде цела, хахаха патетично.

Музика24: Имате ли сеуште “репер” т.е. пример од балканските изведувачи според кој вие кој се водите како се прави музичка кариера?

Дарко Билбиловски: Mногу пати сум кажал и пак ке повторам, едноставно јасно и гласно, а сепак многу вистинито и силно, Шабан Шаулиќ.

Darko BilbilovskiМузика24: Што треба да се промени во однос на задржување на квалитетот на македонската музика?

Дарко Билбиловски: Има многу работи кои треба да се корегираат би можел да зборувам многу, но сепак тоа ќе го оставам на музичките работници.

Музика24: Кое е вашето мото кое е амајлија во вашата музичка кариера?

Дарко Билбиловски: Моето мото е: “Господе ти благодарам што ми подари ваков дар да можам да пејам и дај ми сила во секој мој нов чекор во мојата музичка кариера”.

Интервјуто го подготви екипа на Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: