Имам нешто да те прашам

Тино Стојановски: Најубаво поминато време е во дружба со најблиските (Фото+Видео)

Тој е млад, насмеан и секогаш позитивен. Дел е од бендот “2Be” кој пополека, но сигурно чекори храбро и напред на македонската музичка сцена. Факултетот за музичка уметност е неговата втора дома каде се усовршува и ги осознава тајнита на музиката, воопшто. Гитарата е неговата посебна љубов. Има соработувано со многу познати македонски музички имиња, а неговото име и презиме е едноставно, Тино Стојановски, момчето за кое што допрва ќе се чита, слуша и зборува. Што тој вели за Нова година и сета таа еуфорија, во продолжение:

Музика24: Наближуваат Новогодишните и Божиќни празници, како се чувствуваш секогаш кога доаѓа овој период од годината? Дали можеби се радуваш на целата предновогодишна и празнична атмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за тебе се само обични денови кога малку повеќе се одмора, јаде и пие?

Тино Стојановски: Секако дека се радувам, ова е период со најубавата музика. Си ја сакам таа еуфорија полна со брзање, пазарење, разнобојност по улиците и продавниците и сета таа позитивна и весела атмосфера помеѓу луѓето.

Музика24: Дали и после толку години веруваш во легендата и приказната дека постои Дедо Мраз?

Тино Стојановски: Хахаха па сите веруваме во црвено белиот дедо (се смее).

Музика24: Сите ние малку или повеќе на некој чуден начин веруваме дека Дедо Мраз ќе ни донесе некаков подарок, односно, она што сме си го посакале. Дали можеби како дете си оставал празни новогодишни чорапчиња и си го очекувал подарокот од најпосакуваната личност во овој период од годината, дедото со бела брада?

Тино Стојановски: Да, да се будев и трчав пред вратата каде навистина ме чекаше подарок.

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за дочекот на Новата година? Подготвувате специјалитети, сакаш да уживаш во прошетките со најмилите, купуваш подароци…?

Тино Стојановски: За специјалитетите е задолжена мајка ми, јас уживам во вкусот на кифличките и најубавите чоколадни торти што таа ги прави. Секако, најубаво поминато време е во дружба со најблиските.

Музика24: За дочекот на Новата година секогаш и пред се тевбе ти е битно добро друштво, забава и музика… или пак онака домаќински во опуштена адмосфера со малку повеќе храна, пиење, шала, смеа и потоа секако некој добар новогодишен филм?

Тино Стојановски: До пред 6-7 години дочекот се славеше во некоја подзаборавена викендичка со добро друштво и одлична музика. Последниве неколку години се слави само работно.

Музика24: Како и на кој начин ги изненадуваш твоите сакани за Новогодишните празници? Кој е подарокот кој што вообичаено сакаш да го подариш, и што е она што тебе би те изненадило како подарок?

Тино Стојановски: Подарокот даден од срце е прав подарок, јас би бил навистина изненаден кога некој би ми подарил гитара од марката “Lowden” хахаха (се смее).

Музика24: Што всушност за тебе претставува сета таа празнична предновогодишна еуфорија, дочекот на Новата година и сите оние мали и поголеми случувања поврзани со овие празници?

Тино Стојановски: Искрено, јас повеќе ги чувствувам празниците што се околу Новата година отколку самиот дочек. Мислам ова е период каде што треба најмногу време да поминуваме со нашите најблиски.

Музика24: Како, каде и на кој начин ќе ја испратите 2019-та, а ќе ја дочекате Новата 2020-та година?

Тино Стојановски: Оваа година ќе ја испратиме заедно со бендот “2Be” и Александра Јанева на свирка во Битола.

Музика24: Кој е според тебе настанот од областа на музиката кој што ја одбележи 2019-та?

Тино Стојановски: Концертот на Стинг во Скопје. Прекрасно искуство и преубаво чувство да слушаш таков музичар и бенд од светски рамки.

Музика24: А кој е пак според тебе хит песната која што на некој начин ја одбележа 2019-та година и видео спотот кој што тебе ти остави најголем впечаток изминатата година?

Тино Стојановски: Од македонската естрада ДНК – “Горе или доле”, видео спот Александра Јанева со Pinestel Production “Се одбирам себе”, а странската естрада можеби целиот албум на Ed Sheeran и видео спот “Beautiful People” – Ed Sheeran.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова и се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се Вашите планови, замисли и идеи за Новата 2020-та година? Што би сакале да Ви се случи, оствари и реализира на приватно поле и во полето на музичката кариера?

Тино Стојановски: Токму пред еден ден со бендот ја извадивме нашата втора песна, а прва авторска “Врати се” и посакуваме успешни песни, настапи, па и албум зошто да не? (се смее).

Музика24: И како за крај на ова наше новогодишно интервју, што од срце би им посакал на Вашите фанови, подржувачи, како и на читателите на музичкиот портал Музика24?

Тино Стојановски: На сите сакам да им порачам да бидат добри луѓе и им посакувам да бидат опкружени со луѓето што ги сакаат, бидејќи на крајот од денот тоа е најбитно.

https://www.instagram.com/p/B4yCL8Eh19J/

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: