Како што и самите велат и покрај се нивната музика е животна определба што не не чуди фактот што и старите рекле: “Крушата под круша паѓа”, иако се женски состав, сепак има еден главен кој ги води конците кон правиот успех што докажува за нивната професионалност во настапите. Во продолжение, прочитајте го целосното интервју и дознајте нешто повеќе кој е главниот “рецепт” за успех.
Музика24: Колку време постои “Дикато бенд”?
Дикато Бенд: “Дикато бенд” постои веке скоро 3 години, од кои 2 години сме активни на музичката сцена.
Музика24: Знаеме дека живееме на балканско поднебје, дали се стремите да промовирате свој стил на жанр или се е прашање на вкус?
Дикато Бенд: Значи нашиот бенд промовира свој стил на жанр, ама баш поради таа причина што живееме на балканско поднебје мораме да се прилагодуваме според вкусот на нашата публика.
Музика24: Кои се вашите лични успеси на музички план?
Дикато Бенд: Како што напоменавме веќе активно функционираме 2 години, нормално тоа се смета за успех, успеавме да се изградиме како состав и најбитно од се добро сме прифатени од публиката.
Музика24: Бидејќи во тренд е да се прават обработки на традиционални композиции, дали и вие имате нешто на ум да направите?
Дикато Бенд: Веќе имаме обработено неколку традиционални песни, каде што ги презентираме на нашите настапи, во зависност од тоа на каков настан свириме и дали има потреба од такви песни.
Музика24: Велат трнлив е патот до успехот, дали за вас со упорност може за краток период да се постигне слава?
Дикато Бенд: Точно… патот до успехот и славата е тежок, но секако тоа се постигнува со многу работа, труд и вежбање.
Музика24: Каков вид на музика преферирате на вашите настапи со оглед на тоа што сте еден состав кој е ретко во денешно време да се види?
Дикато Бенд: Претежно преферираме македоснки евергрини, српски балади, странски хитови, народно… итн.
Музика24: Кој е лидер во бендот кој ги води т.н. конците за се што треба?
Дикато Бенд: Нормално “ТАТО” хахаха… тој е главниот водич на бендот, а ние сме тука секогаш со него.
Музика24: Интересно е што сте фамилијарен состав, но и мора да се признае женски состав, дали ви пречи тоа на моменти или се справувате со тие предрасуди ?
Дикато Бенд: Токму така фамилијарен состав со 3 жени хахаха… ние сме 3 сестри сплотени една со друга, лесно се разбираме и договараме, иако одвреме-навреме има некои тензични моменти и кај нас, а и нормално е и тоа нели… во секој случај, одлично се разбираме.
Музика24:Кое ваше лично мото за успех во кариерата?
Дикато Бенд: “Патот до славата е тежок, биди упорен, работи, вложувај во себе и еден ден се ќе ти се исплати”, тоа е златно правило за секој оној кој сака да се занимава со уметност во иднина.
Музика24: И за крај, што може да очекуваме на музички план?
Дикато Бенд: Во блиска иднина планираме нова наша песна и нормално презентирање на квалитетна музика на нашата публика.