Имам нешто да те прашам

Yon Idy: Песната “Dreams” е мојата автобиографска песна (Фото+Видео)

Во пресред на утрешното гласање за наш македонски претставник на сцената на Евровизија, екипата од музичкиот портал Музика24 поразговара со еден од натпреварувачите, односно, со младиот Yon Idy кој е во трка местото Преставник на Македонија на изборот за песна на Евровизија.

Музика24: Дел си од шесте кандидати кои претендираат да не претставуваат на Евровизија. Зошто токму ти треба да бидете наш евровизиски претставник?

Yon Idy: Мојата музика нуди различност. Се издвојува од се она на кое сме навикнати кога станува збор за Евровизија. Затоа и сметам дека “Dreams” на Евровизија 2022 би било полн погодок. На Евровизија секоја година се пеат песни со сличен стил, во обид да се биде близу до некој победник пд претходно. “Dreams” излегува од тие рамки, доволно за да биде препознаена како таква.

Музика24: Музиката и текстот се твои, а истовремено ти си и авторот на евровизиската композиција со која настапи минатиот петок на претставувањето на песните кои се кандидатки за гласање. Што е она, каков е сонот кој што го сони кој што мораше да го преточиш во песна?

Yon Idy: Песната е спој на јавето и сонот. Во рефренот пеам за сон во кој јас и мојата поранешна љубов сме среќни и безгрижни, но во строфите се присеќам на суровата реалност и сфаќам дека е завршено. Всушност “Dreams” во голема мера е автобиографска песна.

Музика24: Твоите песни се во инди-рок стил, нешто ново бар кај нас. Дали сметаш дека на младите им се допаѓа овој стил на музика?

Yon Idy: Можеби младите и не го препознаваат музичкиот стил по име, но дефинитивно го слушаат и им се допаѓа. Затоа и ги потсеќам на некои имиња во музичкиот свет.

Музика24: Досега имаш издадено 8 песни, на кои радиостаници може да се слушне твојата музика?

Yon Idy: Кај нас во Македонија, мојата музика слушателите и моите фанови можат да ја слушнат на City Radio, Radio Jon, Radio Vati, Radio Galaxy, а во странство на повеќе радио станици во САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово.

Музика24: Какви се реакции дојдоа до тебе, од кога ја промовираше песната со која се натпреваруваш на македонскиот избор за песна на Евровизија?

Yon Idy: Наидувам на голема поддршка, навистина, како од публиката која ме следи, така и од новата публика која неодмна откри дека сум од Македонија. Огромно значење и инспирација за мене од поддршката од наши познати музичари со големо искуство зад себе, како Дани Димитровска, Бени Шаќири, Калиопи итн. Ми се допаѓаат и коментарите за тоа што би можело да се промени во песната, сечие мислење е ценето и добредојдено.

Музика24: Која е мотивацијата за создавање вакво музичко дело?

Yon Idy: Мотивација секогаш црпам од приватниот живот зашто сметам дека доживеаната емоција е најдобар печат во музиката, и кога е лична, полесно се пренесува на публиката.

Музика24: Што после изборот? Што ќе се случи доколку победниш и бидеш наш евровизиски претставник, а што доколку не бидеш избран?

Yon Idy: Доколку победам во изборот за претставник на Евровизија, веднаш ќе почнат подготовките за настапот на големата сцена. Знам дека би работел многу вредно, истрајно, зашто одговорноста е голема кога сакаш да на оправдаш добербата на публиката, како и на МРТ. Јас сум перфекционист, и би го испланирал настапот до најмала ситница. Би сакал да ја претставам Македонија во најдобро можно светло. Доколку не победам, ќе бидам благодарен за можноста што ми ја даде МРТ за да ме запознае подобро македонската публика, но и странската, бидејќи националниот избор будно го следи и странската публика. Уверен сум дека каков и да е исходот, многу врати ќе ми бидат отворени и тоа ме прави среќен и возбуден за иднината.

Интервјуто го подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: