Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Згодниот претставник од Грција победник на “Еврофест 2015”

Со песната “Ta oneira mou” грчкиот преставник Манос Ставридис победи на овогодинешното 19-то издание на интернеционалниот фестивал “Еврофест 2015” кој се одржа во Скопје, во Домот на АРМ изминатиот викенд. Овој младо 27 годишно симпатично момче кое за прв пат се претставува пред македонската публика, ексклузивно за нашиот Специјализиран македонски музички портал Музика24 даде кратко, но интересно интервју.

Тој за нашите читатели откри дека за прв пат започнал со пеење на својата 22 година и тоа во музичкото шоу “Greek Idol” каде пред одбрана стручна комисија (познати грчки музичари) се претставил и го покажал својот талент. Интересно е тоа што од 7.200 илјади пријавени учесници во ова шоу, тој на крајот од истото се нашол на 16-то место, што секако е одличен и голем успех. Манос се наоѓа на речиси својот почеток на музичката кариера и зад себе има само 3 (три) песни, а кога би сакале да го посетите неговиот You Tube канал, би забележиле дека има снимено многу ковери кои секако му претставуваат големо музичко искуство и задоволство со кое секојдневно го запознава публиката.

Manos Stavridis“Јас сум Манос Ставридис и имам 27 години. Јас сум мнооогу, многу откачена личност (се смее) и исто така имам многу откачени пријатели. И многу сакам да се смеам и да бидам позитивен, бидејќи без тоа не сум жив. Не пијам, не пушам ниту цигари ниту трева, а секако не се ни дрогирам што е добар пример за сите млади кои сакаат да бидам она што сум јас, да не користат недозволени работи во нивниот живот”, изјави Ставридис за Музика24.

Тој ексклузивно за нашиот музички портал додаде дека следната 2016-та ќе земе учество на познатиот реномиран и летен македонски фестивал “Охрид фест”. Во меѓувреме настапува по познати грчки кафулиња и дискотеки, досега има настапено на познатиот музички фестивал “Амита Моушн” каде истовремено настапувале голем број на познати музичари, а што се однесува до прашањето за издавање на албум, тој изјави дека сеуште е рано да размислува на тоа и дека сега за сега ќе издава само сингл по сингл.

Manos Stavridis“За ова кратко време додека сум тука, имав прилика да го посетам центарот на Вашиот главен град Скопје и искрено можам да кажам дека ми се допаѓа и дека преубав градот. И двете земји и Грција и Македонија ги сакам и можам слободно да кажам дека во Вашата земја поминав одлично”, додаде младиот пејач Манос. Тој премногу му се заблагодарува на својот пријател и менаџер Ангелос Дадалиас кој што му верува беспрекорно и кој што му овозможи и помогна да биде дел од нашиот музички фестивал “Еврофест 2015”.

Manos StavridisЕкипата на Специјализираниот македонски музички портал Музика24 му благодари за одвоеното време и за краткото интервју, разговор и секако се гледаме следната година на “Охрид фест”, а во продолжение Ви предлагаме да погледнете и слушнете ковер, како младиот Манос пее позната грчка песна.

Подготви: Иван Јосимовски и Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: