Имам нешто да те прашам

Зоран Василевски-Фаци: Во животот не бидете само нем посматрач, живејте го животот (Фото+Видео)

Тој е познат македонски естраден новинар, и нема некој од македонската музичка сцена што не застал и не разговарал со него да даде интервју или пак било каква изјава. Многумина се плашеа, а можеби и се уште се плашат од неговата појава, од неговите прашања кои рака на срце се на место и се баш во интерес на она што тој некогаш го работеше. Од познатата А1 телевизија продолжи да работи во неколку интернет портали, своевремено имаше свое тв шоу, весник, беше дел и до 1тв, за денес да е маркетинг менаџер во познатиот и препознатлив “MiCasa” – хотел и стек хаус кој се наоѓа на Скопското Кале каде може и да уживате и да убаво и квалитетно да се најадете.

Без влакна на јазикот, како и секогаш, Зоран Василевски – Фаци во новогодишното интервју на музичкиот портал Музика24.

Музика24: Годинава која изминува ќе остане запаметена по карантините, полициските часови, забраните за масовни собири,  ковид вакцинацијата, сертификатите… По што ти лично ќе ја паметиш 2021 година?

Зоран Василевски-Фаци: Карантинот баш и не го осетив, среќа моја што имам куќа во село Катланово и целиот карантин го поминав во мојот двор. И се посветив на хортикултурата и целиот двор заличи на една прекрасна оаза. Тоа е мое хоби кое ме спаси од депресијата. Денес во дворот имам над 80 различни растенија. Милина за око.

Музика24: Заради околностите оваа година не можеме да се пофалиме со богата музичка продукција, но секако дека постојат песни што ќе останат забележани. Кој е твојот избор од она што беше понудено на музички план годинава?

Зоран Василевски-Фаци: Madonna и само Madonna. На кралицата на поп културата и останав гооолем фан.

Музика24: Не очекува дочекот на Новата година, кој секој го прославува на различен начин. Лично како посакауваш да ја дочекаш Новата 2022 година?

Зоран Василевски-Фаци: Во пижами и во кревет, со некоја добра книга.

Музика24: Кој е досега најинтересниот новогодишен подарок што го имаш добиено или пак можеби подарено?

Зоран Василевски-Фаци: Ги има многу, но најомилени ми се пижамите со новогодишни мотиви, подарок од Лила Филиповска.

Музика24: Новогодишната магија што ја предизвикуваат лампионите, светилките во разни бои, новогодишните базари, музиката, честитките… делува на комплетното расположение. Дали лично ја чувствуваш таа празнична еуфорија и колку умее и може истата да те понесе?

Зоран Василевски-Фаци: Реално ги сакам новогодишните празници, бидејќи сум голем шопингоман трошам буквално за тоа што ми треба и нетреба. Минатата година во ова време бев во Дубаи, е таму беше вистинска еуфорија на 40 степени.

Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз неговите ирваси и даровите, ама и без желбите што сите си ги посакуваме. Кои се твоите желби за новото Господово 2022 лето?

Зоран Василевски-Фаци: Желба ми е Дедо Мраз конечно да ги ослободи ирвасите, некаде во тундрите на северот.

Музика24: Која е новогодишната порака која би ја упатил до твоите фанови и секако читателите на музичкиот портал Музика24?

Зоран Василевски-Фаци: Бидете свои и живејте го животот 100ка на саат. Не бидете само нем посматрач, живејте. Ви посакувам здравје, љубов и мир во душата. Среќна нова 2022 година!

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: